Македонецот кој прими вакцина против ковид-19: Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и јас никој не можам да заразам

Објавено на 15.07.2020 во 16:43:30 часот | Македонија

Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија, по три месеци откако ја прими вакцината против ковид-19, своето искуство го сподели во изјава за ТВ Сител.

Тој вели дека немал несакани последици.

– Нема никакви промени во секојдневието или по здравјето. Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и јас никој не можам да заразам.Тоа е добро чувство. Имаше три земања крв и тестирања, уште едно ќе следи во ноември. На шест месеци, но тоа е за нас бидејќи не тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцината – вели Борко Андреевски во  изјава за Сител.

Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. Таа ќе биде од фармацевстката куќа AstraZeneca на која работи Универзитетот Оксфорд.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет