АНАЛИЗА - ШТО ТРЕБА ДА ИМАТЕ НА УМ ЗА УТРЕ: НА МИНАТИТЕ ИЗБОРИ, БЕСА И ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА ОСВОИЈА 80 000 ГЛАСОВИ, ТИЕ СЕГА СЕ СО СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА!

Објавено на 14.07.2020 во 23:20:16 часот | Македонија

АКо ги анализираме минатите избори во 2016-та, ќе видиме дека тогаш ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА и БЕСА освоиле околу 80 000 гласови.

Тие сега се во коалиција со СДСМ и се очекува тие гласови сега да легнат на контото на СДСМ.

Исто така Павле Трајанов со Трет Блок освои околу 10 000 гласови кои сега се во коалиција со СДСМ.

Од друга страна, гласачкото тело на ВМРО ДПМНЕ сега е расцепкано на повеќе мали партии кои ќе одземат од контото на ВМРО ДПМНЕ како Интегра, Глас за Македонија, НИКОГАШ СЕВЕРНА, Македонски Концепт, ГДУ и Левица. Се очекува овие мали партии да одземат од ВМРО ДПМНЕ околу 50 000 гласови.

Плус да не заборавиме дека Амди Бајрам сега е со СДСМ па неговите околу 10 000 гласови ќе легнат на контото на СДСМ.

Математиката вели дека СДСМ ќе има коалициска добивка од околу 100 000 гласови на новите коалициски партнери БЕСА, ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА, ДС и партијата на Амди Бајрам.

Од друга страна ВМРО ДПМНЕ ќе губи свои гласови на новите политички субјекти плус ќе ги губи гласовите на Амди Бајрам, плус ќе ги губи и оние околу 50 000 кои биле натерани да гласаат со страв и присила, значи проценките се дека ќе оди во минус околу 110 000 гласови.

СДСМ во 2016-та освоила 436 илјади гласови па со новите 100 000 од коалициски партнери се очекува да добие околу 536 000 гласови, но ќе има и губитоци, за тоа подолу...

ВМРО ДПМНЕ во 2016-та со сета режимска присила натерала за неа да гласаат 450 илјади гласови, а се очекува да губи најмалку 110 000 гласови, па математиката вели резултат од 340 000 гласови.

Понатамошно губење гласови се очекува поради распадот на ГРОМ и бегството на пратениците на оваа партија на листите на СДСМ, ГРОМ крадеше гласачко тело на СДСМ и го носеше на контото на ВМРО, сега ќе биде обратно па овие околу 10 000 гласови ќе се вратат во СДСМ, што значи ВМРО ДПМНЕ ќе падне на 330 000 гласови.

Сиљановска се очекува да придонесе нови гласачи кон ВМРО ДПМНЕ, околу 30 000 нови гласачи па конечната бројка е околу 360 000 гласачи.

СДСМ ќе губи дел од своите гласови поради тешките компромиси и разочарувањата во разни области, некои гласачи едноставно се разочарани од некои неуспеси пред се во борбата со мафијата и спората правда а некои може се скандализирани и од некои афери и скандали, некои пак не го добиле она што им се ветувало или што се надевале па така се очекува СДСМ да изгуби околу 100 000 гласови од оние во 2016-та па конечната бројка со се добивли и губитоци која се очекува на овие избори е околу 436 000. Но поради повратот на гласовите од ГРОМ, сепак бројката ќе се искачи на 446 000.

Од овие 100 000 што ќе ги изгуби СДСМ, мал дел ќе преминат на контото на ВМРО ДПМНЕ затоа што реално ДПМНЕ не е реформирано, па од нив само 20 000 ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, значи ВМРО ДПМНЕ ќе се искачи на 380 000 гласови.

Поради страв од корона, и двете главни партии ќе изгубат по 50 000 гласачи кои ќе останат дома поради страв од Корона, па така крајниот резултат кој се очекува е околу 330 000 за ВМРО ДПМНЕ и 395 000 за СДСМ. 

Со ова, се очекува СДСМ да има предност од 5 до 6 пратеници и се очекува да повторно формира влада. Ова може да се наруши ако некоја од малите партии успеат да влезат во собранието па решат да коалицираат со ВМРО ДПМНЕ, но шансите за тоа се многу мали поради изборниот модел кој ги цепка гласовите на малите партии и бара од нив да имаат по 10 000 гласови во секоја изборна единица што е преголем праг за малите партии тие немаат над 50 000 членство за да го остварат тоа! Заедно може имаат, но тие настапуваат поединечно на овие избори, не се во коалиција.

Во Албанскиот блок се очекува ДУИ да ја победи Алијанса но сепак пратениците на Алијанса и ДПА ќе бидат доволни на СДСМ и БЕСА да направат стабилна влада.

Да видиме дали овие математики ќе се остварат утре.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет