ДУП И ГУП СЕ МИСЛЕНА ИМЕНКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ДУИ: ДИГНАТ ПРВИОТ КАТ НА ОБЈЕКТОТ ПРЕД ТЦ „МАВРОВКА“ ЗА КОЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ВЕЛЕШЕ ДЕКА СЕ РЕНОВИРА ИЗГОРЕНОТО КАФУЛЕ

Објавено на 14.07.2020 во 19:57:48 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ДИГНАТ ПРВИОТ КАТ НА ОБЈЕКТОТ ПРЕД ТЦ „МАВРОВКА“ ЗА КОЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ВЕЛЕШЕ ДЕКА СЕ РЕНОВИРА ИЗГОРЕНОТО КАФУЛЕ

Ганиу пред две недели кажа дека се реновира изгореното кафуле, а денеска на нашето прашање дали сѐ уште тврди дека нема објект пред ТЦ „Мавровка“ ни одгвоори дека во текот на денот Општината ќе испрати писмено соопштение до медиумите за конретниот случај и за сите процедури кои ги презеле. (Фото: Фејсбук)

Дигнат е првиот кат од објектот кој нелегално се гради пред ТЦ „Мавровка“ на местото на кафулето кое изгоре пред два ипол месеци. Сега се поставува плоча и арматура за бетонски столбови за вториот кат на објектот за кој градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу тврдеше дека нема да биде цврста градба.

Ганиу пред две недели во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека не се гради објект туку се враќа кафулето во првобитна состојба како пред пожарот и за тоа му е издадена дозвола од Општината.

„Ве уверувам дека нема да се гради никаков објект, кафуле ќе си биде како што беше. Нашите инспектори беа на терен и се постапува соодветно“, рече на 30 јуни градоначалникот Ганиу.

 Но, и покрај ваквите изјави на Ганиу на терен се гради објект, нигде нема табла кој е инвеститор ниту каков објекти и на колку ката ќе никне. Пред неколку дена од работници и луѓе кои се наоѓаат на градилиштето на фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК не му беше дозволено да фотографира на локацијата која е заградена со тараби.

Денеска градоначалникот Ганиу на нашето прашање дали сѐ уште тврди дека нема објект пред ТЦ „Мавровка“ ни одговори дека во текот на денот Општината ќе испрати писмено соопштение до медиумите за конкретниот случај и за сите процедури кои ги презеле.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет