(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Скопјани ги сефтосаа 33-те еколошки автобуси на МАН

Објавено на 14.07.2020 во 14:49:27 часот | Македонија

Денеска на скопските улици можеа да се заблежат новите еколошки автобуси кои Градот ги купи од компанија „МАН“.

Дваесет и пет од набавените 33 екоавтобуси од германскиот производители ги превезуваа патниците на линиите 2, 5, 15 и 57, а дел од нив беа зголбни.

– Навистина се убави новите автобуси. Климата не дува директно во глава, како што беше во претходните автобуси, а и отворите се сокриени, па тешко да бидат оштетени. Исто така има добра комоција, мислам растојанието меѓу седиштата не е како претходно. Се надевам дека и понатаму ќе бидат донесени вакви автобуси – ни изјави скопјанката Софија.

Инаку, денеска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека во сообраќај се пуштени новите еколошки автобуси.

„Еден поинаков јавен превоз. Скопје, една поинаква приказна“, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.

Град Скопје потпиша договор со хрватски МАН за набавка на 33 нови автобуси на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), од кои 21 се нископодни со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Задоволуваат стандарди за емисија на издувни гасови ЕУРО 6.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет