Првата дама на работна задача во ОИК во Гази Баба

Објавено на 13.07.2020 во 23:23:37 часот | Македонија

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, денеска точно во 09 часот, заедно со другите членови од избирачкиот одбор, ја посетија Општинската изборна комисија на општина Гази Баба, за да ја земат потребната заштитна опрема, со цел да се спроведе гласањето на болните од КОВИД-19 и лицата во самоизолација, објави „Фактор“.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, а, пред да се всели во претседателската вила, семејството на Пендаровски живееше во населбата Автокоманда, во општина Гази Баба.

Како медицинско лице, Ѓоргиевска е во избирачкиот одбор во Гази Баба кој ќе оди во домовите на лица позитивни на коронавирус или во самоизолација кои се пријавиле да гласаат на изборите во оваа скопска општина.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет