Укинати ограничувањата за седење на две лица на маса во кафичите

Објавено на 13.07.2020 во 22:51:35 часот | Македонија

 
Владата на денешната седница донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

На седницата беше заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет