Обвинителен предлог за гостиварецот кој од Германија му се закануваше на премиерот на Фејсбук

Објавено на 13.07.2020 во 22:48:47 часот | Македонија

 
Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог за гостиварецот кој пред неколку дена беше уапсен бидејќи му се закануваше на премиерот на техничката Влада на Фејсбук.

-Осомничениот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над 5 години. Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина, соопштуваат од Обвинителството.

Тој се гони за Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет