ШОКАНТНО: ЛИДЕРОТ НА МЛАДИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ БАКНУВА ПИШТОЛ ВО ЦРКВА!

Објавено на 13.07.2020 во 15:43:10 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јован Јаулески

Денес се слави големиот празник посветен на Св. Јован Претеча и Крстител Господов.
Заедно со младите од Демир Хисар, денес го посетивме овој прекрасен манастир кој се наоѓа во селото Слепче, а чистата природа, свежиот воздух во ова топло летно време и преубавиот поглед едноставно те задржуваат таму горе.
Македонија е пребогата земја која нуди природни убавини и места. Таа во себе крие градови, села, цркви и манастири за кои можеби сме слушнале, но не сме ги истражиле и летово е вистинско време за тоа. Еден од нив е и манастирот во Слепче кој во себе крие десетвековна историја и природата околу него која нуди одлична релаксација.

▪️Денот го исполнивме и со средби и посети со младите од овој крај на Македонија.
Од Сопотница се симнавме во Демир Хисар и уште еднаш со младите ги начнавме проблемите со кои се соочуваат а им ги наметна власта, како и потребата за обнова на Македонија. 🇲🇰
Демир Хисар, како и сите други места во Македонија, е град заборавен од властите, град во кој младите си одат поради поразителните политики и лажните предизборни ветувања. Тоа ќе заврши, за една недела веќе нема да можат да ги лажат.
Денес пред овие млади луѓе се обврзавме дека ќе го исполниме секој проект запишан во програмата ,,Обнова" посветен на младите, ќе работиме со сите сили да ја вратиме надежта и да им дадеме шанса да работат и да си останат дома, да создадат семејство и кариера во својата татковина, а не во некоја од европските земји.
Се обврзавме дека ќе работиме оваа земја повторно да биде силна, а ние горди Македонци со исправена кичма.

#ИсправиСеМакедонијо 🇲🇰
#ОдбериОбнова

 

 

loading...

 

Македонија

Свет