ШОКАНТНО: Командантот на Наќе Чулев фатен како го крши законот за полиција

Објавено на 13.07.2020 во 15:34:56 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Командатот на специјалната едница на полцијата “Тигар” , Ивица Бишевски го прекрши законот за полиција со носење на партиски обележја во кругот на МВР. Анонимен читател на НОВА ни ја испрати оваа фотографија сликана денска во кругот на МВР во која се гледа како Бишевски се шета со заштитна маска во боите на полтичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Оваа иста маска можеше да се види на за време на изборната кампања како ја носат членови и симпатизери на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Законот за полиција експлицитно одредува дека припадницте на МВР не смеаат во простории на МВР да промовираат партикси обележја.

Во овој закон во Член 105, Став 3 се вели : “Полицискиот службеник не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите и службените возила на Полцијата, партиски да се организира или дејствува во Министерството.” Така е наведено во овој закон кој ја регулира работата на полицијата и чиј императив е да ги штити високите професионални стандарди во работењето на полцијата како и да превенира било какви партиски вликанија врз нејзината работа.

Ваквото прекршување на одредбите од законот за полција има дополнителна тежина поради тоа што се случува во околности на изборен процес. Партизацијата и злоупотребата на МВР во партиски цели беше една од најострите критики во Извештајот на Прибе. Партизацијата на овој витален државен орган во минатото на МВР му го донесе и пежоративниот наслов ВМРО МВРО.

Инаку актуелниот командат на специјалната единица “Тигар” на оваа висока позиција беше именуван од страна на актуелниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет