ПРЕКУ НАТО, НОРВЕШКА НИ ИСПРАТИ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВРЕДНА 200 000 ЕВРА!

Објавено на 13.07.2020 во 12:56:17 часот | Македонија

Донација од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во врдност од околу 200 илјади евра, реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки  и транспортирана од Алијансата, денеска беше предадена во касарната Илинден во Скопје.

– Со денешната донација уште еднаш се покажува значењето на нашето полноправно членство во НАТО. Донацијата од Кралството Норвешка што се состои од се она што е потребно во овој момент за справување со корона кризата се реализира преку НАТО агенцијата за поддршка и набавки со што нашите НАТО-сојузници ја покажуваат солидарнста и соработката со сите земји-членки – рече државниот серетар во Министерството за одбрана Драган Николиќ по предавањето на помошта.

Тој најави дека по првата пратка од норвешката донација ќе следат уште транши за обезбедување на медицински средства кои ќе помогнат во идниот период во справувањето со пандемијата.

-Ќе имаме и нови фази, ќе се потпишат и нови договори со Кралството Норвешка преку поддршката од НАТО агенцијата за логистика и набавки што ќе се базираат на спецификациите од нашиот Воено медицински центар. Солидарноста и што значи НАТО-сојузништво на овој начин се покажува на терен, потенцира Николиќ.

Норвешкото воено аташе во земјава потполковник Егил Далтвеит посочи дека донацијата што норвешкото Министерство за одбрана ја предава денска на Армијата на Република Северна Македонија претставува практична алатка која може да се исористи во борбата против ковид-19.

– Истовремено таа претставува само уште еден чекор во долгата и богата воено-медицинска соработка. Ние ги обучивме вашите доктори и медицински сестри и помогнавме во опремувањето на вашите воено-медицински капацитети како што е вашата теренска болница. Вие ги испративте вашите војници и војнички да служат во Авганистан во мисија предводена од Норвешка. Со нивните одлични и професионални операции вашите луѓе спасуваа животи на норвешки војници кога беа тешко повредени од Талибанците. Тоа не сме го заборавиле и нема да го заборавиме – рече Далтвеит.

Тој нагласи деака низ годините станаа многу блиски и пријателски релациите меѓу оружените сили на двете земји, а денеска, како што кажа, сме дури и побилски од пријатели и сме сојузници во најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

Шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ посочи дека норвешката донација не претставува билатерална, туку здружена активност бидејќи во неа партиципираше и НАТО агенцијата за поддршка и набавки и додаде дека во Алијансата не се зборува само за текнови, пушки и артилерија, туку и за областа на медицината која е многу важана.

– Донацијата е многу важна бидејќи се наоѓаме сред пандемија со ковид-19, а Норвешка е многу активна на медицинско поле на целиот Балкан. Медицинската опрема е со двојна намена може да се користи во операции низ целиот свет, но може да се користи и за потребите на земјата – рече Јанковиќ.

Фото: МИА

 

 

loading...

 

Македонија

Свет