БОЈАН МАРИЧИЌ: Во изминатите три години го запаливме факелот на слободата, граѓаните и власта се на иста страна во справувањето со кризите и проблемите

Објавено на 13.07.2020 во 00:44:16 часот | Македонија

Да работам во Владата влегов заради тоа што верував во тимот, во вредностите и целите на Владата. Кога почнавме не ни сонував дека за 2 и пол години ќе го решиме спорот со Грција, ќе влеземе во НАТО и ќе добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Храброста, вештината и одлучноста на нашето политичко водство и премиерот Заев направија историски достигнувања во обезбедувањето на вистинскиот пат за нашата земја за сегашноста и иднината.

Економија, правда, образование, култура, животна средина, владеење на правото, КОВИД-19. Сигурен сум дека во дел од овие области направивме грешки или можевме да направиме повеќе. Но, во секој случај и по сите критериуми работите се придвижени на подобро и тој пат ќе биде неповратен само ако во среда на 15 јули излезете и гласате за број 3 и Коалицијата "МОЖЕМЕ". Сега ни треба стабилна и сигурна Влада, а не нова превара наречена Обнова која за рекордно време би не' вратила години наназад со истите проблеми, практики, притисоци и неуспеси. Бездна од која едвај се извлековме.

Во изминатите три години го запаливме факелот на слободата, граѓаните и власта се на иста страна во справувањето со кризите и проблемите, економијата се раздвижи, почна битката за правда, транспарентноста стана нормална работа. Идеални не сме, но направивме многу, сакаме да правиме уште повеќе и уште подобро. Да ги исправиме недостатоците и да создадеме нови можности за сите. Затоа драги пријатели, роднини, блиски ве повикувам со цело срце да гласате за број 3 и коалицијата на СДСМ зашто сите заслужуваме мандат со нови шанси, а не нови проблеми. Знаеме дека МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро и затоа ја бараме вашата поддршка.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет