ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ЛЕВИЦА, ЛУТОВСКИ: Толку од наводното левичарење, неподмитливост и социјална правда приказни. псевдоЛевица има договорено соработка со десничарски буржоаски партии

Објавено на 13.07.2020 во 00:17:21 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ПСЕВДО-ЛЕВИЦА!

Обрнете внимание после 35 минута, ова е емисија на Миленко Неделковски снимена непосредно пред почетокот на изборната кампања.

Лидерот на Единствена Македонија, Бачев открива дека постои координација под покровителство на дијаспората за постизборно обединување на "патриотските елементи" т.е. коалиција во собрание, доколку влезат овие партии во собрание. Она што е нејасно е дали ќе има соработка и доколку не влезат, или влезе само една од нив.

Се работи за партиите Единствена Македонија, Глас за Македонија и Интегра кои се отворено десничарски (па и шовинистички) партии. Но, со нив е и псевдоЛевица, "млади и некомпромитирани" со "свежи идеи" кои се "искрени и чесни"...

Оваа соработка е зачинета со заедничка декларација која сите овие партии ја прифатиле и потпишале.

Толку од наводното левичарење, неподмитливост и социјална правда приказни. псевдоЛевица има договорено соработка со десничарски буржоаски партии.

Нека не ве прелажат!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет