МИСОВСКИ: НУДИМЕ ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ И ЕКОНОМСКА СИГУРНОСТ

Објавено на 12.07.2020 во 14:22:18 часот | Македонија

“Пред три години ги започнавме најзначајните политички процеси од осамостојувањето на земјата, државата ја направивме полноправна членка на НАТО, обезбедивме сигурност и безбедност за иднината на младите генерации. На чекор сме до полноправно членство во ЕУ, што со себе ќе донесе забрзување на економската динамика, силно стопанство, нови инвестиции и работни места за граѓаните“,  порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, при вечерашните маалски средби со жителите на скопската општина Карпош.

Мисовски истакна дека затоа е важно на 15 јули да се излезе на гласачките места и гласот да се даде за коалицијата „Можеме“, затоа што тоа е глас за одговорна влада со капацитет да ги штитити и унапредува интересите на сите граѓани на државата, независно од нивната етничка или религиозна припадност.

„Нема причина за страв поради корона вирусот да се излезе на гласање. Покажавме дека државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори, поставени се строги протоколи со чие почитување остварувањето на вашето право на глас нема да биде закана по вашето здравје и здравјето на другите“, порача Мисовски на жителите на оваа скопска општина.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет