ПОЧНАА ДА СЕ ДЕЛАТ КАРТИЧКИТЕ ЗА ЗЕЛЕНА НАФТА: Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари

Објавено на 12.07.2020 во 11:02:34 часот | Македонија

Денеска во подрачната единица на МЗШВ во Струмица, заедно со директорот на Платежната агенција, Бабовски, ги доставивме картичките за „зелена нафта“ за сите нови корисници од струмичкиот регион, односно за сите ние кои за првпат годинава ја користат мерката, оние кои ги оштетиле или изгубиле претходните картички.
Веќе од почетокот на следната недела, преку подрачните единици на МЗШВ, ќе се поделат и останатите нови картички во сите региони во државата. Воедно оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и ќе можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација“.

Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224
милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на
поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на
производствените трошоци на земјоделците.

Лани кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта за земјоделска механизација беше 30 %, оваа година поддршката ја зголемивме на 50%..
Го исполнивме ветеното, го оддржавме зборот.
Повеќе информации на следниот линк
http://mzsv.gov.mk/Events.aspx…

 

 

loading...

 

Македонија

Свет