ДРУЖЕ ЗАЕВ, КОГА ЌЕ СТАНЕШ ПАК ПРЕМИЕР, МОРАШ СИСТЕМСКИ ДА ГИ ЗАШТИТИШ НОВИНАРИТЕ, ДОБИВАМЕ СМРТНИ ЗАКАНИ СЕКОЈ ДЕН, СЕКОЈ МИСЛИ ДЕКА СМЕ ВРЕЌА ЗА ШУТИРАЊЕ

Објавено на 10.07.2020 во 11:30:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Друже Заев, почитуван иден премиере, кога ќе го добиеш пак мандатот, ќе мораш, те молам, да ги заштитиш новинарите, и тоа не лично, туку системски.

Ќе мора да се променат законите со што ќе биде забрането каква и да било закана кон новинар, било да е вербална, пишана закана, преку смс пораки, фб пораки итн, и каква и да е заканата, со претепување со убиство итн итн...

Дури и навредување лично преку пораки, пцуење, клетви и слично треба да се казнуваат...

Сега законите се такви да обвинителството и полицијата не реагира се додека некој не ве претепа или пак конкретно не ви се закани со конкретен опис што и каде ќе ви направи, и притоа казните се многу мали.

Мора законите да бидат построги во овој план. Полицијата ако забележи закани кон новинар во нивно присуство мора да реагира по службена должност со приведување на заканувачот и правење на записник со што потоа ќе следи и судски прогон!

Казните мора да бидат големи, парични, затворски, едноставно новинарите мора да се заштитат се додека луѓето во земјава за едно 50 години не стекнат една демократска култура па се научат дека новинарите имаат право да бидат критични или кон владата или кон опозицијата и за тоа не треба некој да им се заканува, да ги тепа, да ги убива...

Те молам друже Заев, знам дека имаш многу проекти и проблеми на масата, но ова е исто така значаен дел за демократизација и европеизација на државата!

Верувам дека нема да не изневериш сите нас новинарите што се боревме рамо до рамо со тебе против режимот и ја теглевме земјата онаму каде што и ти сакаш да ја однесеш!

Колку и да се вашите заслуги како политичари, барем пола од тоа се и на нас новинарите кои сме исто така истурени во првите редови, но за разлика од вас, ние одиме низ градовите без бодигарди без шофери туку сами најчесто и пешки или со точак па секој може да те реши со едно дрво, ако како држава дозволиме сето тоа да се одвива неказнето.

Мораме новинарството да го сведеме на безбедна професија а не дома да се плашат дали ќе се вратиш жив и здрав од прес конференција или известување на терен.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија