БОМБИТЕ ЗА ВМРО СЕ СТРАШНИ, БОМБИТЕ ЗА ЗАЕВ СЕ СМЕШНИ

Објавено на 09.07.2020 во 12:09:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бомбите за ВМРО:

- ќе праеле сообраќајки за да спречат гласање на ШИТПАРИТЕ?!

- ќе гаселе лифтови за да ги спречеле да гласаат КОМУЊАРИТЕ

- ќе тепале со боксови и ќе убивале сопартијци кои не ги правеле добро списоците за присилно гласање

- авиони нарачуваат по 200 000 евра и ги рекетираат фирмите да ги платат авионите

- мафијаши спасуваат од судски прогон затоа што донирале у партија

- дивоградби на мафијаши штитат во Охрид затоа што имале изборен договор со нив

- глумеле скарани со Сашо Мијалков

- главен финансиер на ВМРО ДПМНЕ бил Орце Камчев, Мицковски киснел кај него дење ноќе!

- Антоњо се сеќаваме како нарачуваше лустрација на судија кој го водел предметот против татко му во Кичево за дивата приватизација на здруженијата за возачи и општинската зграда во Пласница

- Антоњо се сеќаваме на бомбата како на Гоца и нарачувал местење на активист на СДСМ во Кичево, да му се подметнеле документи при претрес на станот?!

- Се сеќаваме на бомбата како Антоњо предлагаше на Грујо ново име за земјата, ПОСЛОЖЕНО ЗДРАВЈЕ!

Бомбите за Заев и СДСМ:

- Ден Дончев прима пари пред 5-10 години од приватна трансакција при откуп на удел во Тотал тв

- Бизнисмен од Црба Гора му дал пари на Кичеец во 2016-та во времето на Грујо, биле еднаш кај Заев, Заев им рекол дека од таа работа не бидува ништо, и бизнисменот му е лут на Кичеец го заебал, џабе му ги зел парите?!

- Заев по грешка кренал телефон на лажна активистка за екологија од Шведска, Грета Тунберг, хихи, хаха

- Заев на една долга вечера во Струмица на Веруш Јуниор му вика дека Бранко веќе не е фактор во СДСМ, ништо ново, и дека ќе бил строг со коалициските парнтери...

- Заев му се заканува на Камчев, мамицата ќе му ја ебел... Супер, подобра снимка од ова не можеше да слушнеме!

- Рада седи на кафе средба кај Боки 13-ка заедно со Катица. И Мицковски киснеше на интервјуа во 1 ТВ, веројатно и кога Катица се врткала во телевизијата, самото присуство само по себе ништо не значи.

Како може едните со другите да ги споредиме?!?! Тоа е неспоредливо! Едните се страшни, покажуваат ум на едни диктатори, апаши, лопови, без црбена линија до каде можат да одат, заштитници на мафија, лажни патриоти а другите снимки се за гафови, грешки, невнимание, ептен бенигно, таман среќа во Груевизмот најголем проблме и скандал да беше тоа што Грујо наседнал на Руски пранкери... 

Туку работата не беше за смеење, за плачење беше, исто што ќе биде ако не дај боже ВМРО вакво Груевистичко пак се врати на власт!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија