АНАЛИЗА НА ТВ ДУЕЛОТ: МЕНЕ МИЦКО МИ ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ПРЕТЕПАН А ЗАЕВ МИ ИЗГЛЕДА СВЕЖ, ПОЛН СО ЕНЕРГИЈА И САМОДОВЕРБА, КАКО ДА ТЕК СЕГА ЗЕМА ЗАЛЕТ ЗА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА ИАКО Е ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ ВО ПОЛИТИКАТА!

Објавено на 06.07.2020 во 23:21:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мене ме чуди енергијата, самодовербата и еланот на Заев, тој како тек сега да зема залет за политичка кариера иако во политиката е од 2002-ра година кога станува пратеник на СДСМ во собранието па потоа градоначлалник па понатаму е историја.... Еј како тек да се загрева?!?!

А во исто време изјавува дека уште стои на кажаното дека два премиерски мандати се доволни за еден човек, повеќе ќе значи забегување за секој политичар?!

Изгледа, Заев ќе се обиде во следните 4 години да ги компресира сите свои политички визии, енергија, таргети и ќе сака за 4 години да реализира и испорача резултати кои ќе бидат недостижни за идните премиери долго долго време...

Знаејќи го човекот колку е способен да истрпи политичка тортура и какви живци од сајли има, тој дефинитивно ќе успее да ги заврши преговорите со ЕУ за само 4 години, ќе ја донесе просечната плата на ниво од 1000 евра и земјава за 4 години од сега буквално нема да може да ја познаеме на сите полиња, сакаш економија , сакаш екологија, сакаш демократија, сакаш спорт, инфраструктура, енергетика, соживот, економски стандард, образование, здравство, земјоделие, полиција, одбрана...

Овој човек е како ракета со нуклеарно полнење, неговата енергија и храброст се убиствени за злото но благослов за доброто во земјава и тоа е во моментов најдоброто нешто што ни се десило долго долго време...

Одиме во нови победи во нови успеси, со Заев ем не е досадно, ем некако пак сме раат, мирно спиеме, што би рекол Трамп, од успеси ќе се измориме!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија