Хоџа за Фокус: БЕСА ќе ја направи разликата за целосно рушење на режимот ВМРО-ДУИ

Објавено на 05.07.2020 во 23:02:30 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
 
 
Ние како политичка партија која доаѓа со едно опозициско искуство сме спремни да преземеме обврска да владееме, вели во разговор за Фокус Аријанит Хоџа, генерален секретар на БЕСА, која на претстојните избори настапува во предизборна коалиција со СДСМ. Според него, предлогот на ДУИ за премиер-Албанец е „ефтин предизборен трик“. 
 
ФОКУС Со оглед на специфичните околности поради корона вирусот, каква кампања ќе водите за претстојните парламентарни избори? Дали ќе се одржуваат митинзи, трибини и друг вид на собири или пак целосно ќе се потпрете на онлајн-кампања?
ХОЏА Нормално дека околностите ни наложуваат да бидеме претпазливи и да водиме грижа за здравјето на граѓаните. Поголемиот дел од кампањата ќе биде преку медиумите и социјалните мрежи. Технологијата ни овозможува да може да стигнеме со нашите пораки и програмски понуди до секој граѓанин.
 
ФОКУС Кои прашања ќе доминираат во текот на кампањата? Дали клучно ќе биде справувањето со здравствената и економската криза или ќе се обидете да наметнете и други прашања?
ХОЏА Сакале или не, доминантни ќе бидат темите околу здравството и начинот на кој ќе продолжиме со справување со пандемијата од Ковид 19. Исто толку значајна ќе биде и економијата, справување со последиците од кризата, стратегија околу зачување на работните места и создавање на услови за развој и можности за отварање на нови работни места преку странски инвестиции, но и преку поддршка на стопанството.
 
ФОКУС Како гледате на барањето на ДУИ следната влада да ја води премиер-Албанец? Од ДУИ ве повикаа и вас да се приклучите на овој концепт, па каков е вашиот став во однос на тоа?
ХОЏА За жал, тоа што ДУИ го нуди не е концепт. Понудата за поддршка на кандидат за премиер остава горко чувство кај секој граѓанин, а посебно кај Албанците, бидејќи кога се крие името граѓаните одма мислат кој од најслабите кадри на ДУИ може да претендираат за една таква номинација. Оваа идеја ДУИ можеа да ја претстават пред откажаните избори на 12 април, но тогаш не ни размислувале за ваква идеја, туку сега, кога гледаат дека тонат политички и нивниот рејтинг е во слободен пад, се обидуваат со вакви идеи да го запрат падот. За среќа, Албанците веќе ги препознаваат ефтините предизборни трикови на ДУИ.
 
ФОКУС Каков резултат очекувате на изборите и кои се главните фактори кои ќе определат кој ќе победи на изборите, но и кој ќе успее да формира влада?
ХОЏА Ние очекуваме апсолутна победа. Убедени сме дека граѓаните знаат да препознаат точно кој што ветува. Ние како политичка партија која доаѓа со едно опозициско искуство сме спремни да преземеме обврска да владееме. Ние сме политичката партија што ќе го надополни мозаикот за тотално рушење на поранешниот режим ВМРО-ДУИ. СДСМ успеа да го победи едниот дел од режимот, но сега заедно ќе успееме да го тргнеме и остатокот од тој режим, кој за жал, заради наметнатите бројки, не успеавме да го направиме во 2016 година.
 
ФОКУС Во една прилика, Зоран Заев изјави дека БЕСА тежи околу 35.000 гласови, па колку вие се согласувате со ова тврдење, односно проценка, со оглед дека откако влеговте во предизборна коалиција со СДСМ нема да може точно да се утврди вашата сила и вредност на политичката сцена?
ХОЏА Нема да навлегувам во толкување на бројки за тоа колку тежи БЕСА, самите резултати ќе покажат дека разликата на овие избори ќе бидат гласачите на БЕСА. Убедени сме дека ќе бидеме победници и во делот на гласови во, условно кажано, албанскиот политички блок, но и на ниво на држава како коалиција.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет