Николовски од Кочани: Гласајте за коалицијата МОЖЕМЕ за минимална плата од 20.000, просечна од 34.000 денари и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции

Објавено на 05.07.2020 во 20:36:16 часот | Македонија

Почитувани пријатели,

Ве поздравувам од Кочани, и овде како и во цел Источен регион, граѓаните препознаваат разликата.

Гледаат кој работи со план, кој е домаќин човек, а кој има план само да го заштити криминалот и да нема судски разрешници.

За само две и пол години покажавме дека парите можело да се враќаат кај граѓаните, да има повисоки плати и пензии, и да се инвестира и гради.

И овде во Кочани, за Браната Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“, се зборуваше уште од 60-тите години на минатиот век. Веќе не се зборува, денес СДСМ го реализира тој проект. 

30 години устата ни фати пена од НАТО, ЕУ, НАТО, ЕУ, а денес никој тоа не го зборува. Во истиот тој преполовен мандат и тоа го остваривме. 

Полна им е устата на ВМРО-ДПМНЕ со патриотизам. Но, запрашајте се дали се вистински патриоти. Зарем вистински патриоти ќе гласаат ПРОТИВ зголемување на минималната плата, ПРОТИВ зелена нафта, ПРОТИВ секоја можна мерка која парите ги враќа назад кај вас, како повратот на ДДВ или укинувањето радиодифузна такса.

Не се патриоти ДПМНЕ во чие време Македонците си ги спакуваа куферите и заминаа од татковината. Вистинските патриоти сме ние, што обезбедивме сигурност за државата, што обезбедивме признавање на македонскиот јазик и нација од целиот свет, македонскиот јазик е официјален јазил за Европската Унија, каде членуваат и Грција, Бугарија, но и Франција, Германија и другите моќни сили.

Доверете ни чист мандат и ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. До крајот на мандатот стапката на невработеност ќе биде едноцифрена. 

Не се ова соништа. Сето ова е реалност, зошто за 4 години, се калкулираат 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. 

Тоа се тие врати кои ги отвораат НАТО и ЕУ.

Платите во сите сектори ќе продолжат да растат

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од мизерните 9.000 денари на ДПМНЕ. Кои патриоти се тие што платата ја држат на 9.000 денари?

Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.

Затоа, изборот на 15 јули е лесен.

Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните

Работата е сериозна драги пријатели. Разликата е очигледна. Обезбедете си мир, стабилност, прогрес. Поддржете ја коалицијата Можеме и гласајте за бројот 3!

Ви благодарам

 

 

loading...

 

Македонија

Свет