ПОЧИТУВАН АТАНАС КИРОВСКИ, ДАЛИ ГО ГЛЕДАШЕ ИНТЕРВЈУТО НА ПОПЕТРЕСКИ СО МИЦКОВСКИ?

Објавено на 04.07.2020 во 21:44:57 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се надевам дека уредникот и директор на Телма, почитуваниот Атанас Кировски го гледал интервјуто на Попетрески со Мицковски на Алсат М и дека од тоа ќе извлече некаква поука, заклучок, дека ќе се предомисли за тоа како се водат интервјуата и дебатите на Телма.

Мислам дека тој има долго време една формула, пола време за партизаните а пола за фашистите и мислам дека тоа не е фер кон гледачите. 

Мислам дека новинарот треба да биде брана за политичарите да не ги лажат граѓаните.

Не е точно дека се треба да биде оставено на гледачите па они нека се снаоѓаат како знаат и умеат на кого ќе му веруваат.

Тоа не е ок според мене, имаме луѓе со различни интелектуални капацитети, не се сите доволно отпорни на лагите, местенките, манипулациите итн, новинарот треба да ги прекине и прекори сите политичари, аналитичари и јанви личности кои се повикани во емисија и ќе почнат да шират лажни вести.

Не смее тоа да се маскира во обландата НА ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ, тоа е сосема друга работа, со фактите не треба да има дебата!

Нема точни и неточни факти, има само едни факти! Васко Попетрески го исправи Мицковски кога почна да лаже дека во договорот од Преспа имало фуснота за македонскиот јазик. 

Така требаше и треба да прават и тв водителите на Телма кога водат дебати и интервјуа на Телма особено во Топ Тема.

Така многу ќе му се помогне на народот.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија