ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ Е ПОХРАБАР ПОЛИТИЧАР ОД ЗОРАН ЗАЕВ!

Објавено на 02.07.2020 во 17:01:57 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Заев е многу, многу храбар политичар, тоа го докажа безброј пати. И со храбрите компромиси со Грција и Бугарија и со храброто соочување со убијците на 27-ми април и со храброто соочување со режимот со објавувањето на бомбите, за тоа треба сериозни тестиси, значи по пола кило жива мера!

Но од Заев има и похрабар политичар, тоа е Христијан Мицковски. Он имаше една толку луда идеја, толку луд план што треба стварно да си ептен храбар и дрзок за да мислиш дека ќе ти помине во јавноста и на избори.

Он мислеше дека ќе успее ем да не се реформира ВМРО ДПМНЕ, ем да не се дистанцира од Груевизмот, ем да го ОБЕЛИ И ИСПЕРЕ Груевизмот, ем да ги спаси од затвор и своите и олигарсите донатори со кочење на СЈО и ЈО, ем притоа на крај да успее да ја смени власта обвинувајќи ги нив дека тие ја кочеле правдата?!?!

Притоа он мислеше дека може да ги кочи влегувањето во НАТО и ЕУ за да лови поени, притоа да го убедува западот дека кочењето е лажно, на крај пред очите на сите да го помогне влегувањето во ЕУ и НАТО, да ветува на едни дека ќе го укине договорот од Преспа, на други во исто време да ветува дека нема да го чепка договорот од Преспа, на Бојко да му вока СШТО ЌЕ ПОТКРЕПИ, дома шири БУГАРОФОБИЈА, да игра на картата на албанофобија притоа да се надева дека ќе направи влада со албанска партија...

Мислам за сиот овој хаос, освен да си ПОЛИТИЧКИ РЕТАРД, треба да си и многу многу храбар, а секако и многу расипан и злобен и неодговорен хоштаплер.

Но храброста и дрскоста дека ова ќе му успее навистина ме фасцинира, која будала човече! Он мора да ги замислува граѓаните на земјава како полуидиоти, како некакви дебили, кретени со пречки во развојот, никој никогаш толку не го потценил народот како Мицко на овие избори!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија