КОЈА ЕПСКА ПЕРВЕРЗИЈА: ОВА ГО ВЕЛИ ЖЕНАТА ШТО ОДБИВА ДА ГИ СЛУШНЕ СНИМКИТЕ НА КОИ НЕЈЗИНИОТ ЛИДЕР СЕ ПАЗАРИ СО ОЛИГАРСИ И МАФИЈАШИ

Објавено на 02.07.2020 во 15:00:57 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска која е ексвработена во болницата „Систина“ е објавено на „Јутуб“. Во него, се слуша како Мицкоски зборува дека добил помош од Орце Камчев, со тоа што му ги плати долговите кои ги оставил неговиот претходник Никола Груевски и претходното раководство на партијата, пренесе а1он.мк

Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме… избориве почнаа. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. Лично сакам да го видам, затоа што ми помогнал. Кога требало ми помогнал. Тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш беше присутен на тој разговор кога рече ‘Не треба ништо’. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во паријана немав струја, исклучена кабелска“, а Слободанка Алексовска се надоврзува: „Кога беше најтешко“, по што Мицкоски продолжува: „Парно пред исклучување, немав вода. И такви како него беа неколкумина што мене ми подадоа рака. Мене тоа многу ми значи“
 

Во разговорот се слуша како Мицкоски вели дека тој е единствениот што се бори против новиот Закон за јавно обвинителство, а со кој процесот за „Империја“ би продолжил.

На ова, Зоран Милески-Кичеец вели: „Апсолутно, знам како е. Заедно сме биле, тоа сме го направиле јас и он муабет, нема тука што“, по што Мицкоски додава: „А он беше, јас на нејзе и реков, не знам дали јас нешто можам да помогнам, да не одмогнам“, а Алексовска вели: „Да, неколку пати кажа што е за право, многу пати кажа. Зборев и со Зоки тогаш, толку беше заплеткано се и мене нели, јас одвај те наоѓав, никој не можеше да помогне. Јас му кажав“, по што Мицкоски продолжува: „Таму не е решена работата да знаете. Затоа што овој закон е закон што ќе помине како што ќе помине, како што мислат да помине, за јавно обвинителство тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен кој што се бори во моментов сум јас“.

Нови разговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, повторно објавен на „Јутуб“ каналот именуван како „Рекет“.

Во него се слуша како Мицкоски се жали од Мијалков и му тврди на Милески-Кичеец дека се бори за законот со кој се регулира статусот на СЈО да не помине, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде освен Мијалков, осомничен е и Орце Камчев.

Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега он пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испадоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски, и сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој ‘Империја’“, се слуша како вели Мицкоски.

Во бомбата именувана како „Рекет-6“ се слуша како Мицкоски му се жали на Милески-Кичеец и вели дека тој е единствен што се бори, а истовремено, го тепаат и се вљубуваат во Заев бидејќи, според него, тој е добриот.

Првично ние имаме многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас“, вели Мицкоски, по што се надоврзува Милески-Кичеец и вели: „Реално во вас се сите џокери“, по што Мицкоски продолжува: „Да ама, знаеш, ова помалце делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев, сега тој е добриот. А он сака вака да помине за да ги уценува и понатаму и …. А јас што се борам за нив, против нив, мене ме тепаат“, а на ова се надоврзува Слободанка Алексовска која вели: „Додека не сфатат како некои“, по што Мицкоски продолжува: „Не не ми … едноставно. После 21 април се ќе биде пониаку. Се ќе биде…“

Инаку, на 21 април 2019 година се одржа првиот круг од претседателските избори.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет