Николовски и Хоџа: ‘Рбетот ни беше свиткан во времето на владеење на „фејк њуз ВМРО“

Објавено на 02.07.2020 во 13:17:37 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
‘Рбетот ни беше свиткан во едно друго време. Време на нарачани инспекции, на правење списоци, на безобразно крадење бизниси, на угнетување на работникот и на мизерни плати, се посочува во заедничката изјава на генералните секретари на СДСМ и на Беса од коалицијата „Можеме“.

Правејќи пресек на првата седмица од кампањата за парламентарните избори, Љупчо Николовски и Арјанит Хоџа оценија дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со националните чувства на граѓаните и дека поради тоа партијата ја викале „фејк њуз ВМРО“.

„Сите тие реторики на замајување на јавноста се во една единствена насока. Да не зборуваме за суштинските работи – за подоброто економско менаџирање, за инфраструктурните проекти, за успесите.

Пари во државата имало и ќе има. Работата е како ги трошиш. На жални врби, стиропорни фасади и споменици платени десетици и десетици пати над нормалната цена, или парите ги трошиш за граѓаните и нивно добро. Има разлика“, рече Николовски.

Тој побара чист мандат, за, како што рече, да направиме многу повеќе и многу подобро.

„Далеку од тоа дека се сме завршиле. Има уште многу работа за намалување на невработеноста, поддршка за стопанството, носење инвестиции, јакнење на здравствениот систем за целиот тамошен персонал да може подобро и помирно да живее. За само две и пол години поставивме силна основа за раст. Сега е време за чист мандат и фокус на економијата, правосудството, реформите. Никој веќе не зборува ниту за НАТО, ниту за ЕУ. Таму сме, го остваривме 30-годишниот сон да сме членка на најсилното светско друштво, да ни се отворат вратите кои отсекогаш биле затворени за нас.Притоа не се случи ништо од тоа што ве лажеа дека ќе се случи. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски, кои живеат во прогресивна држава која силно чекори напред. Нема кантонизации, федерализации, не сме со свтикан ‘рбет! ‘Рбетот ни беше свиткан во едно друго време“, нагласи Николовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет