ПРОТОКОЛОТ ЗА АЕРОДРОМИТЕ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ: Термален скрининг на сите кои влегуваат во Македонија

Објавено на 02.07.2020 во 13:04:49 часот | Македонија

Согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се враќаат во функција двата аеродрома за Македонија. Министерството за здравство информира дека протоколот што го донесе Комисијата е направен по сите светски стандарди.

-Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете. Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, се наведува во соопштението на Министерството за здравство. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет