Николовски од Берово: Нашиот народ е мудар, знае да препознае чесност и искреност и затоа ниту Груевски ќе се врати на власт, ниту Мицкоски ќе добие шанса

Објавено на 02.07.2020 во 10:30:13 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Ние на овие избори се бориме да воведеме нови стандарди и работите да ги промениме од корен. А тие нудат исти луѓе и кадри, тие ги нудат луѓето на Никола Груевски. Оние кои беа директори, функционери во времето на Груевски, денеска се носители на изборните листи на Христијан Мицкоски. Мицкоски го чува столчето за да се врати Никола Груевски доколку ја добијат шансата од граѓаните“, нагласи на денешната трибина во Берово, генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски. 

„Овој народ е мудар, знае да цени и да препознае што е нова вредност, знае да препознае чесност, искреност. И затоа ниту ќе се врати Никола Груевски, ниту ќе добие шанса Христијан Мицкоски. Туку ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули од опозиција ќе започне реформи со кои одговорните чесните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на позиции. За да нема повеќе страв, за да нема повеќе уцени, за да нема повеќе поделби“, рече Николовски. 

Тој нагласи дека реформи се потребни во ВМРО-ДПМНЕ, но и во ДУИ за да може потоа сите политички партии со конструктивни политики и заеднички да ја движат државата напред. 

Николовски потсети дека сите треба да се залагаат за развој и правда и нагласи дека вчера стапи на сила законот за јавно обвинителство, за чие донесување ВМРО-ДПМНЕ направи се зада го блокира. 

„Тоа е темел на реформите во судството. Тоа е темел на правдата којашто треба да ја донесеме. И таа правда ќе важи за сите. Не да нарачуваме пресуди, не да диктираме пресуди, како во ВМРО-ДПМНЕ. Овој закон за јавно обвинителство го овозможи почетокот на преговорите со ЕУ, одлуката на која ВМРО-ДПМНЕ не се радуваше, затоа што не сакаат државата да оди напред“, рече Николовски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет