КОГА ЌЕ МИ ТЕКНЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ, ПРВАТА СЛИКА ШТО МИ ДОАЃА НА УМ Е ОНОЈ ВОЛКОТ КОЈ ПРВ ГО ГАЗИ СНЕГОТ И ЈА ВОДИ КОЛОНАТА А СИТЕ НИЕ ОДИМЕ ПО НЕГО НА ВЕЌЕ РАЗГАЗЕНО И БЕЗБЕДНО

Објавено на 02.07.2020 во 00:15:53 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Лесно е да се критикува, но кога сите газиме на истапкана патека која некој ја пробил, створил, притоа не знаејќи каде гази, на што гази, што го чека од позади секоја грмушка.

Искрен да бидам, се чувствувам многу сигурно со Зоран Заев премиер. Некако знам дека каде и да не води, тоа ќе биде добро за земјата,

Тој секогаш знае да го најде сигурниот пат, далеку од амбисот, најкраткиот можен пат, со најмалку патење, мрзнење, стравови и жртви.

Тој секогаш знае да се избори за безбедност, за убави работи за народот, сите нас не смета како една проширена фамилија, како сите да сме од кланот Заеви.

Исто како што сите заедно седат во дворот пред куќите кои се во една редица а на кои на секој спрат живеат разните браќа и братучеди од фамилијата Заеви, Зоран Заев и нас не гледа со исти очи, сите, не штити, се бори за нас, гине за нас.

Не знам од каде му таа идеја сите да не посвои, од каде му тој порив за сите нас да се грижи, фала му за тоа.

Земјава долго време немаше вистински лидер, имаше еден што глумеше лидер но беше себичен неспособен гад. Пола од чопорот ни се изгуби во тоа студот и маглата, голем дел избега, голем дел угина.

Сега сме на прав пат. Зоран Заев ќе бие нови битки за нас и сите ќе ги добиеме со фер резултат, максимум колку што се можело, според ситуацијата на теренот.

Заев не е идеален, има грешки, но целокупно земено, од него не сме имале подобар лидер во поновата наша историја, и како лидер може да се мери со лидерите во цел свет, тој е нашиот Пандев во политиката, тој е нашиот Симон Трпчевски, нашиот Милчо Манчевски ама во политиката...

И народот со право ќе му го даде пак мандатот затоа што добро водеше и добро ќе не води. Тие што тоа сега не го гледаат, ќе го увидат после 50 години ако сме живи и здрави тогаш.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија