Заев вршеше увид во Крива Паланка: За една година граѓаните ќе имаат целосно обновена и модерна патна мрежа кон Бугарија

Објавено на 01.07.2020 во 19:55:57 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
Огромно е задоволство да се види како и во вонредни услови, со почитување на сите мерки за заштита, забрзано се градат патиштата. Кризата со Ковид-19 не ги попречи капиталните инвестиции во државата, напротив, имаме забрзано темпо на изградба. Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со потпретседателот на партијата и носител на листата во Изборната единица 3, Љупчо Николовски, извршија увид во завршните активности за реконструкција на патниот правец Ранковце – Крива Паланка.
 
Заев посочи дека целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе имаат целосно обновена и модерна патна мрежа кон Република Бугарија.
 
– Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји, и врз унапредување на економските и трговските релации помеѓу компаниите. Инвестициите во инфраструктурата ја движат економијата напред, отвораат нови работни места и го подобруваат стандардот. Социјалдемократскиот сојуз е силно посветен на изградбата на крупни проекти, кои ќе донесат долгорочни бенефити за сегашните и за идните генерации, порача Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет