ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: НОВИТЕ БОМБИ ЗА МИЦКОВСКИ СЕ ТАЖЕН ДОКАЗ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ И ПОНАТАМУ ЈА КОРИСТИ ПОЛИТИКАТА ЗА РУШЕЊЕ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА И СПАС НА МАФИЈАТА ОД СУДСКИ ПРОГОН!

Објавено на 01.07.2020 во 12:36:45 часот | Македонија

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мактел: Ваш коментар професоре за крајот на СЈО:

Фрчковски: - СЈО беше една многу важна институција во почетокот на рушење на режимот и СЈО и екипата помогнаа во рушењето на еден режим кој се потпираше на узурпацијата на правото и дел од истрагите кои се отворени многу е заначајно тоа да заврши. Во меѓувреме се случи една трагедија за сите нас поради навиност невнимание и поврзување со мрачни ликови од нашата субкултура СЈО се искомпромитира и сите кои беа против него најдоа шанса да направат удар против се што тие направија и добро е што на крајот од таа гунгула сите значајни предмети секако како и најважните како ТВРДИНА на пример сеуште е во фаза на докази за тоа кој прислушкуваше, тие мора да завршат со пресуда. Трагедијата на Катица е посебна прикана, но иронијата е што пресудата против неа стигна побрзо а се уште ја чекаме пресудата за криминалците. Друга приказна е што е секако тажно што проценката е дека пресудата против Катица не е заснована на докази, таа можеби е крива но треба да имаме пресуди на база на докази. Само пресуди на база на докази значи правда, за жал овде тоа го немаме и овде немаме правна држава туку пресуда поради политички и медиски притисок. Тоа е тажната приказна на целиот процес. Заклучок, СЈО заврши значајна улога, но трагичен беше крајот.

Мактел: - Дали народот ќе му дозволи на Мицковски да ја спаси мафијата, особено после бомбите што ги слушнавме каде Мицковски сам признава дека ќе ја спасува мафијата и обвинетите олигарси, иако јасно беше цело време дека СЈО е таргет на ВМРО ДПМНЕ а се кочеше и законот за ЈО со цел да пропаднат судските процеси и истрагите?

Фрчковски: - Не знам дали јавноста тоа ќе го дозволи, изборите ќе кажат, тажно е тоа што лидерствогто на ВМРО ДПМНЕ е што овие бомби покажуваат дека нема реформа во ВМРО ДПМНЕ, исто тоа што го правеше Груевски и неговиот пакт со мафијата продолжува и со Мицковски, ја користи политиката во рушење на правната држава.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет