МИЦКОВСКИ СЕ СПРЕМАЛ ЗА ОСТАВКА ВО СРЕД КАМПАЊА, ПРОТЕЧЕ НОВА БОМБА КОЈА ГО ОТЕПА ПОЛИТИЧКИ: Се борам да не помине СЈО, со тоа и Империја- предметот за Камчев

Објавено на 01.07.2020 во 10:01:40 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Нови разговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, повторно објавен на „Јутуб“ каналот именуван како „Рекет“.

Во него се слуша како Мицкоски се жали од Мијалков и му тврди на Милески-Кичеец дека се бори за законот со кој се регулира статусот на СЈО да не помине, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде освен Мијалков, осомничен е и Орце Камчев.

Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега он пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испадоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски, и сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет, тој ‘Империја’“, се слуша како вели Мицкоски.

Во бомбата именувана како „Рекет-6“ се слуша како Мицкоски му се жали на Милески-Кичеец и вели дека тој е единствен што се бори, а истовремено, го тепаат и се вљубуваат во Заев бидејќи, според него, тој е добриот.

Првично ние имаме многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас“, вели Мицкоски, по што се надоврзува Милески-Кичеец и вели: „Реално во вас се сите џокери“, по што Мицкоски продолжува: „Да ама, знаеш, ова помалце делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев, сега тој е добриот. А он сака вака да помине за да ги уценува и понатаму и …. А јас што се борам за нив, против нив, мене ме тепаат“, а на ова се надоврзува Слободанка Алексовска која вели: „Додека не сфатат како некои“, по што Мицкоски продолжува: „Не не ми … едноставно. После 21 април се ќе биде пониаку. Се ќе биде…“

Инаку, на 21 април 2019 година се одржа првиот круг од претседателските избори.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет