РЕПОРТ ОД МИТИНГ НА ВМРО ДПМНЕ ВО ЃОРЧЕ: Немате појма кое е тоа лудило, личи повеќе на секта него ли на партија!

Објавено на 29.06.2020 во 21:53:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не ни памтам дали некад сум бил на митинг на ВМРО ДПМНЕ. Можеби ама пред едно 10 години сигурно...

И денеска бев за прв пат по толку долго време и тоа во Ѓорче човече, бастионот на ВМРО ДПМНЕ, покрај Драчево и Ченто секако...

И што да во кажувам, разликата меѓу митинг на СДСМ и митинг на ВМРО е нешто практично неспоредливо, освен што има микрофон, звучници и бина, све друго е различно.

Прво музиката, значи ако е митингот во 18.30, лидерот доаѓа едно пола саат покасно значи во 19 а музиката почнува да цепа кај 17 часот и ги вртат сите песни од типот Бисер Балкански, Цела да е пак ќе биде мала и слични ВЕНИ СЕЧАМ вмровски евергрини.

После иде химната на ВМРО, еден даркерски марш чуден кој и ден денеска не знам од кај им е таа луда песна.

И потоа говорите на говорниците се страва, затоа реков дека ВМРО повеќе личи на секта отколку на партија.

Значи еве што се деси денеска, искача едно девојче на едно 18 години и почнува да се дере како ВМРО ќе победело, Ѓорче ќе било пак вмровска база итн итн, абе се дере кине гласни жили.

Потоа искача кандидат за пратеник, очигледно некој од главните на ВМРО во Ѓорче и почнува едно пола саат да раскажува како со Кендо, Мисајловски, носителот на листа, се знаеле едно 20 години, како заедно береле цреши по комшии, како играле фудбал на мали голчиња, како они биле браќа неразделни ова она...

Потоа искача Мизрахи. Пола саат плаче како Германците и ја утепале цела фамилија и како она растела без тетки ама затоа пак сите Македонци и биле семејство и она сега во ВМРО гледала едно семејство што никад го немала и тоа со името на земјата што не сакала да отстапи па ја сменија е затоа што она имала однос како кон фамилија и не сакал да се откаже од блискиот свој... Абе патетика да се обесиш тука на бината.

Потоа искача Кендо, Мисајловски и он како на сите им помагал у Ѓорче па дури и на СДСМ-овци, како он бил за сите да бидеме ЉУДИ, да не се мразимо, мир во светот да имало, и на крај кажа дел од програмата, значи после 1 саат откако почна митингот некој спомна програма, и само две три реченици за некои проценти и толку, ќе ја бранел Македонштината од клетите комуњари, мораше на крај малце да удри на омраза, иако цел говор му беше за братство и единство.

И на крај искача Мицко, и се заканува ќе апсел, ќе пунел затвори, ќе види Заев, мамичето најмило негово лоповско, ја, па ја сум едини за правда, за ред и мир, ДРЖТЕ ЛОПОВА дрн дрн дрн, абе лудило, како СДСМ ништо не направиле, само краделе, само рекетирале, значи цел говор ЦРНА ПРОПАГАНДА, ни П од програма и што ветува кои проекти ништо од тоа...

И готово, крај на митингот. Ова е неспоредливо со митинг на СДСМ каде имаш табели, проценти, графикони, па говорници од различни етноси на различни јазици, се збори за соживот, за економија, за интеграции, за правен систем, за земјоделие за образование за здравство, ниту збор за личните односи на политичарите затоа што СДСМ е партија на идеолози, не секта, не мафијашка банда братска каде они ќе се штителе до крв едни со други како браќа, нема такви будалаштини...

Сосема различен свет е ВМРОВСКИОТ, некоја секта рокерско - моторџиска само место хард рок имаш песни на Пепи Бафтировски...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија