ГРУЈО СЕ ЧИТАМЕ ЛИ: БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕМИЕР ФИЈОН ДОБИ ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛАЖНО ВРАБОТУВАЊЕ НА СОПРУГАТА

Објавено на 29.06.2020 во 21:46:04 часот | Свет

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕМИЕР ФИЈОН ДОБИ ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛАЖНО ВРАБОТУВАЊЕ НА СОПРУГАТА

Пенелоп Фијон примила над 830.000 евра, иако никогаш не работела како асистент на Франсоа Фијон (Фото: Ројтерс)

Бившиот француски премиер Франсоа Фијон и неговата сопруга Пенелоп добија затворски казни за случајот со „лажно вработување“. Тој е прогласен за виновен за тоа што на Пенелоп ѝ исплатил 831.400 евра за работа што таа никогаш не ја работела откако била ангажирана како негов асистент.

Фијон, на кого овој скандал му ја уништи претседателската кампања во 2017, доби пет години затвор, од кои три условно, додека Пенелоп е осудена на тригодишна условна затворска казна.

Фијон е највисокото име во француската политика кој е осуден на затвор од прогласувањето на Петтата Република во 1958 година.

„Исплатата е несоодветна за завршената работа. Таа била ангажирана на позиција што никогаш не ја користела“, кажа судијата при изрекувањето на пресудата.

Фијон беше премиер на Франција од 2007 до 2012 година, додека претседател беше Никола Саркози.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија