Заев на средба со пензионери од Штип: Најниските пензии ги зголемуваме за 21%, грижата за сите продожува уште повеќе, уште подобро!

Објавено на 28.06.2020 во 23:02:37 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ3, Љупчо Николовски, градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче и кандидатот за пратеник Сашко Николов денеска остварија средба со пензиониерите од градот Штип.

„Во изминативе 3 години просечната пензија се зголеми за скоро 1.800 денари, продолжуваме уште повеќе и уште подобро за подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме зголемување на најниските пензии за 21%. Минималната пензија ќе ја зголемиме на 10.700 денари“ порача претседателот Заев.

Заев истакна дека и во време на криза со коронавирусот пензискиот систем е стабилен и подготвен да одговори на сите предизвици.

Пензионерите можеа да бидат мирни и сигурни и во кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 вирусот. Пензиите се исплаќаат предвреме, осигурана е нормалната живејачка на повозрасните граѓани. Тоа можемвме да го направиме бидејќи изминатите 3 години работевме на стабилзиација на пензинскиот фонд. Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3,7 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО ги зголемивме за 10%. Само со одговорен пристап како што има СДСМ ќе има пари и за повисоки плати и за повисоки пензии“ истакна претседателот Заев.

Тој ги повика пензионерите да продолжат да бидат одговорни и да си го чуваат своето здравје. На изборите на 15 јули да излезат на изборите кои ќе бидат здравствено безбедни да го заокружат бројот 3 за СДСМ и коалцијата Можеме за да продолжи нашата земја на правиот пат економски да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет