Дали е Сиљановска наивна и сенилна утопистка, или злобна и расипана опортунистка?

Објавено на 25.06.2020 во 00:16:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Димитров и вика ова ВМРО ДПМНЕ што те предложило е анти под на поимот правда, она се клешти и вели НЕЕЕЕЕЕ....

Димитров и вика, зарем си сериозна кога велиш дека сега е исто или полошо од времето на Груевски, таа пак се клешти и вика ДААААА...

Димитров и вика, ВМРО ДПМНЕ се мачи со години да ги забошоти случаите на СЈО и се мачеа да го спречат законот за ЈО за да се спасат од прогон, оваа викна да се дере како тоа СЈО било симбол за криминалот?!?!

Дури на крај му вика на Димитров, ВМРО ДПМНЕ се реформирани, самиот факт дека застанаа зад мене, нејзин голем критичар, е знак дека се реформирани?!?!

Што да мислам за Гордана Сиљановска по ѓаволите, кој и е проблемот на оваа жена? Дали е стара, наивна излапена бабичка која стварно е изманипулирана или е свесна итра расипана злобна опортунистка?

Според жестината и итроштината во дебатите, ќе да е второто галиба!

Мојата теза за оваа многу чудна жена е дека е она толку длабински голем АЛБАНОФОБ и националист фанатик, што за неа криминалот и тоа кој колку како крадел, тепал, владеел диктаторски и не е битен, се додека некој ги гази и Албанците покрај тоа што ги гази Македонците.

Тоа што ВМРО ДПМНЕ до крај додржа и не го спроведе до крај рамковниот договор, што не го смени името и што им водеше инат на Бугарите, за Сиљановска е сосема доволно да им прогледа низ прсти па дури и да чувствува жената некаков долг кон нив...

Спремна е да ги ретушира, брани, враќа на власт дури, само за да се вратат златните времиња кога Албанците пак ќе си го знаат местото во земјава и нашите смртни непријатели, соседите ќе бидат држан ина дистанца.

А ЕУ, НАТО, и све остало? Па нека иде во бестрага, нејзе тоа не и е важно. Дали тоа значи дека таа не се секира во каква земја ќе живеат нејзините деца и внуци? 

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Па таа има многу чуден однос кон своите деца. Едното свири кавал по паркови, а ќерка и е ќелнерка во кафаната Љуц. Сиљановска кон децата има однос како Тито што имал однос кон своите деца, два посто не ги фермал.

Она е опседната со мааајка Македоња, и решена е до смрт да се бори земјата да ја спасува од злите Албанци, Бугари и Грци а за сојузник го смета ВЕМЕРЕТО, таа мафијашка банда на која е спремна да им ги прости сите гревови, се додека заедно ја бијат битката за Македоња!

А може сум и грешка па и затребале пари и може ВМРО ДПМНЕ добро ја плаќа пошто ја чувствува за непроценлив асет, како ценет интелектуалец и комуњара за да се добијат неутрални гласови и гласови од левицата, сепак таа беше министер во владите на Црвенковски и Глигоров...

Кој знае кое од овие двете тези е точна, можно и двете да се точни!

Ама дека не е блесава излапена и наивна, не, многу е расипана, итра и самоуверена во она што го намислила!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија