За летата кај баба и дедо во Шопско Рударе, планината Коибула, плавите титовки на дарежливата баба Зорка, дар-марот во ФК Силекс

Објавено на 21.06.2020 во 22:20:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

дедо ми во село Шопско Рударе, Кратовско. Толку беше тежок животот на село, од 6 сабајле до 12 навечер на нозе трчаш носиш теглиш влечеш скокаш се пентариш за да преживееш.
 
Селото беше во подножје на една прилично висока планина, нешто како Водно во Скопје, се вика Коибула, се наоѓа меѓу Кратово и Куманово на средина, дневната рутина ни беше со чичко ми Горан да го извадиме стадото 34 овци, 4 кози, 4 крави и едно магаре, да го однесеме на кладенец и од таму да го качиме на врвот на Коиубула, да го напасеме стадото и вечер кај 21 часот да го вратиме и да го измолземе со помош на баба Зорка.
 
Тоа беше луд потфат, овците трчаа каколуди, кравите беа спори, козите се разбегуваа дијагонално, па сето тоа да го уштимаш во една група беше тешко, па да го вратиш на број назад без нешто да изгубиш, цел ден трчање, дерење, борба со животните, па ќе ги помешаме со друго стадо на комшиите или од друго село па оди барај ја овцата за уши да ја вратиш назад притоа на комшијата му ја носиш козата која се изгубила во твоето стадо итн итн...
 
Спектакуларни беа вршидбите, тоа е кога од ожнеаното жито рачно со коњи по цели денови ќе се гази сламата за да се добие жито со праисториски методи користени уште од античко време пред илјада години... Се рачно од жнеење на нивите, носење на раце или со волови житото на гумно, па цел ден со коњ се гази, па потоа се вее на ветар при што се одвојува житото од згазената слама...

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 
Кога ќе се вратев во Септември во Кратово, бев најдобар во ФК Силекс, веднаш ме праќаа за репрезентација, се чудеа тренерите на кои висински физички припреми сум бил, ни грам сало, целиот мускули, брзина и сила како коњ...
 
3 месеци без чоколадо без шекер, само јајца, сирење, млеко, урда, пиперки, патлиџани, кисело млеко, тврд леб печен пред 7 дена во фурна, кромид, лук, грав... Се разблажувавме со круши, јаболка, цреши, сливи, селски црни лубеници и дињи...
 
Лошо беше што тој живот беше како во манастир, тотално губиш чувство за социјализација со народ...На крај на летото, баба Зорка ќе извадеше една плава пара титовка, која вредеше колку денеска 100евра, што за дете беше како добивка на лото... Убедливо најдарежлива баба на цел свет... Го ценеше трудот и ич не беше скржава...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија