ШОКАНТНО СВЕДОШТВО НА ДОКТОР ОД САН ФРАНЦИСКО КОЈ ВОЛОНТИРАЛ ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ЊУЈОРК: Тешко болните од Ковид 19 со недели беа оставени сами, дури и ние докторите избегнувавме да им се приближуваме кога нема потреба за да се заштитиме и ние од можна зараза!

Објавено на 20.06.2020 во 11:39:41 часот | Свет

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не само што на роднините не им беше дозволено да ги видат тешко болните поради можноста за зараза, туку и ние докторите и медицинскиот персонал го редуциравме дружењето и контактите со болните за да се заштитиме и ние но и да не ја инфицираме скапата опрема која ја носиме на себе а која беше дефиоцитарна како скафандери визири маски ракавици...

Па така, болните беа оставени сами на себе во самотија со недели да се борат со смртта, многу од нив на крај умираа сами во тешка агонија...

Ова е шокантното сведоштво на доктор од Сан Франциско, дел од контингентот од 40 доктори кои долетаа во Њујорк за да помогнат во најголемото жариште во САД, каде загинаа над 20 000 луѓе само во Њујорк додека во цела САД починаа над 120 000 луѓе!

Но самотијата на овие луѓе продолжува и по смртта, поради големиот број починати, кои се најмногу во сиромашните семејства, многу од фамилиите немаат пари да погреб, па починатите се закопуваат во масовни гробници на посебен остров до Менхетен.

Линк до сторијата, тука.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија