ФАЛА ТИ ЗАЕВ, ФАЛА ТИ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА, ФАЛА ТИ УСА И ЕУ, ЗА ОВА СЕ БОРЕВМЕ, ГОРД СУМ НА МОЈАТА ЗЕМЈА ВО МОМЕНТОВ!!!

Објавено на 18.06.2020 во 14:24:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во моментов најголем скандал во земјава за кој бруи 3 дена е згрешена фотка на постер на министерство за Економија.

Еј, да повторам, една недела пред изборна кампања, СДСМ е на власт 3,5 години, и најголем скандал во земјава за кој опозицијата одржа 5 пресови е згрешена ебена фотка од некое ебено езеро у Немачка...

Нема претепани новинари со шипки, нема затворени телевизии, нема затворени новинари, нема прислушкување, нема скршени бараки на опозициска општина, нема пијан министер кој го бркале Алфи и Индијанци од Серава, нема убиено дете на плоштад кој го криеле 2 дена властите, нема масовна режимска пропаганда платена со народни пари, нема кренат објект со динамит на опозициски бизнисмен, нема уапсен лидер на опозициска партија легнат пред пластично вц наместен со купче пари во кафана, нема исфрлени како партали опозициски пратеници од собрание од страна на специјалци во цивилка, нема тепачки на Кале кои се на граница на старт на граѓанска војна, нема упад во собрание на убијци со качулки кои ќе претепаат до смрт пратеници и новинари, нема обид да се шитне цело Овче Поле и цела охридска обала на сомнителен џукела од Индија...

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ништо од тоа, има згрешена фотка од некое езеро од Немачка... За која владата се извини :D

ФАЛА ТИ ЗАЕВ, ФАЛА ТИ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА, ФАЛА ТИ УСА И ЕУ, ЗА ОВА СЕ БОРЕВМЕ, ГОРД СУМ НА МОЈАТА ЗЕМЈА ВО МОМЕНТОВ!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија