ПРИМЕТИВТЕ ЛИ НЕШТО МНОГУ ИНТЕРЕСНО ВО ОВАА КРИЗА: ПЕНДАРОВСКИ НЕ МРДНА СО ПРСТ ДА МУ ПОМОГНЕ НА СДСМ, ДУРИ МУ ОДМАГАШЕ И ТОА Е ОДЛИЧНА ВЕСТ!

Објавено на 15.06.2020 во 22:54:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во еден момент од тензичната криза, Пендаровски сосема изненадувачки, барем после 10 години ХОРХЕВИЗАМ, излезе со ставови со кои му помогна на лидерот на опозицијата да ги зацврсти своите позиции?!?!

Се сеќавате на оној момент кога кажа дека избори без опозиција се речиси незамисливи и мора да се најде компромис, со што ослабна позицијата на СДСМ кои беа решени да одат и без Мицковски на избори затоа што веќе им беше преку глава од неговите глупирања!

Практично може да се каже дека Пендаровски не само што беше тотално неутрален туку може да се каже дека беше и благо, неприметно, на страната на опозицијата?!?! ПА КАКО Е ТОА МОЖНО ПОБОГУ?!?!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Можете ли само да замислите како ќе се решаваше оваа криза ако на Водно седеше Сиљановска на пример?!?! Таа тотално ќе застанеше на страната на ВМРО ДПМНЕ, АМА ОНА АПЛА и тогаш СДСМ немаше ни да оди на лидерска средба кај неа! 

Тогаш целото преговарање ќе одеше со некои амбасадори и кој знае како ќе се дојдеше до решени, можби исто ќе се дојдеше но на долг рок тоа поведение на таков претседател не е на добро.

Или пак обратно, замислете наместо Пендаровски претседател да беше некој ептен близок на Заев, тогаш и тој ќе запукаше по Мицковски и тогаш ВМРО ДПМНЕ ептен ќе влезеше во филмот на жртва на режим и можеби немаше да се реши да иде на избори па ќе имавме старт на нови 4 години криза.

Она што сум сигурен е дека Пендаровски ја исполнува цеклосно задачата - неутрална трета власт во земјава која ќе биде баланс на вагата и дури му е дозволено малце да згазне и на тасот на опозицијата како секогаш понемоќна од власта која ги има сите полуги на моќта во своите раце.

На долг рок така заличуваме на нормална, демократска, безбедна земја со политички фер плеј со демократска култура.

Фала ти Стево, продолжи така.

Фала ти Заев, што го овозможи сето тоа, односно што не инсистираше за претседател да стане неговиот најверен политички соработник, како Рада или Спасовски на пример....

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија