ДАЛИ СМЕ СИТЕ ЖРТВИ НА ЛИЧНИТЕ ЖИВОТНИ ПРОБЛЕМИ НА ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА?

Објавено на 13.06.2020 во 11:03:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Самиот рече дека е пропаднат спортист.

Од снимките кои протекоа видовме дека ужива да лута по кафани и да лока виски. Значи како дете и тинејџер ги нема поминато тие лумперајќи, тато го има држено многу строго.

Гледаме како ужива да оди по теретани во придружба, да оди во затворени кафани каде не му е дозволено, со еден збор, сака да се перчи, да се курчи по скопски, да продава чалам по Битолски и Прилепски, има една фрустрација кај лидерот на опозицијата.

Но она што е можеби најважно, по се изгледа тој ја има погрешено професијата, исто како Бранко Црвенковски кој е електро инженер по образование но по душа е политичар и хедонист.

Па така и нашиот Мицко не сака ни да помисли да се врати на Машински каде на сила со помош на тате е станат професор, но веројатно себе си не се гледа таму на долг рок, веројатно и ја мрази зградата на машински и не може да ја смисли...

Затоа сега сите сме ние жртви на тие лични животни проблеми на Мицето, не може да се помири со фактот дека го чека пораз на овие избори и потоа и смена на лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ и го чека враќање на Машински каде и ќе се пензионира таму мерејќи и баждарејќи ваги и лостови и разни пружини и тасови и федери.

* реклама -----------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

 

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но тоа му е незамисливо досадно споредено со седашниот живот кој го има, патување по европските и светски метрополи со платена придружба, шофери, обезбедувачи т.е отворачи на врата, па и згодни сопартијќи кои се тука за да ти се најдат ако затреба...

Гостување на телевизии, средби со амбасадори, да се биде еден од клучните фактори во земјава, тоа е нешто што е појако и од дрога, моќ, слава, пари, влијание, тешко се остава тоа и затоа овие денови си имаме проблеми со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, тој просто е спремен да загине ама да не се врати на машински.

Затоа сега цела држава е во заложништво, се мачиме да го натераме човекот да се охрабри и да излезе на избори. 

Многу е лошо кога за еден политичар, поразот е пречрктан како можен исход, така беше и со Груевски кој отиде до таму што сега веројатно цел живот нема да може да си ги гледа децата како растат и ќе живее во прогон и страв додека е жив. Неговите најблиски заглавија на 30 години робија.

Мицко е на истиот пат да направи некоја глупост со што ќе си го уништи животот. А ние сите ќе бидеме колатерална штета!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија