ВЕНКО БЕШЕ ВО ПРАВО, ВТОРИОТ БРАН КРАТКО ЌЕ ТРАЕ, БРОЈКИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Денеска се потврдени 87 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 3239, оздравени се 5 пациенти – почина 1 лице

Објавено на 09.06.2020 во 15:06:29 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувани,
 
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424
 
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
•    Скопје 1373, активни 760
•    Куманово 568, активни 150
•    Дебар 53, активни 2
•    Штип 223, активни 185
•    Прилеп 218, активни 25
•    Тетово 301, активни 135
•    Струга 106, активни 33
•    Велес 144, активни 30
•    Битола 30, активни 3
•    Охрид 37, активни 20
•    Кавадарци 6, активни 1
•    Гостивар 51, активни 29
•    Гевгелија 6, активни 2
•    Струмица 5, активни 2
•    Крива Паланка 7, активни 1
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 3, активни 0
•    Кочани 53, активни 22
•    Пробиштип 11, активни 9
•    Демир Хисар 1, активни 0
•    Македонски Брод 2, активни 0
•    Пехчево 3, активни 0
•    Берово 2, активни 1
•    Валандово 3, активни 2
•    Виница 3, активни 1
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 3, активни 1
•    Свети Николе 3, активни 2
•    Кичево 3, активни 1
•    Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 
Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек - 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103.  Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.
 
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
 
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
 
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
 
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
 
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
•    Чаир-192
•    Бутел-68
•    Центар-66
•    Гази Баба-63
•    Аеродром-61
•    Карпош-57
•    Сарај-55
•    Кисела Вода-37
•    Ѓорче Петров-23
•    Арачиново-23
•    Шуто Оризари-21
•    Студеничани-20
•    Илинден-18
•    Петровец-6
•    Чучер Сандево-3
•    Сопиште-2
•    Странец-2
 
 
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

 

 

loading...

 

Македонија

Свет