ОВАА ГОДИНА ОД ГРЦИЈА САМО ГРЧКА САЛАТА, ОХРИД, СТРУГА И ДОЈРАН ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ СО ПАРИ: Неизвесно е дали Грција ќе ја отвори границата за Македонија на 15 јуни

Објавено на 09.06.2020 во 11:21:58 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Грчкиот министер Јоргос Герапетрис изјави дека не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена ниту на 15 јуни. Во интервју за Радио Солун, министерот во кабинетот на премиерот,  Герапетрис на прашањето во врска со зголемениот број случаи на коронавирус во Северна Македонија изјави: “Навистина имаме отежнувачки индикатори“.

-Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај, изјави Гераптерис.

Грчкиот министер Гераптерис потсети и дека Северна Македонија прва ја затвори границата со Грција, а потоа тоа го стори и грчката страна.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет