ПОВТОРНО НИ СЕ СЛУЧУВА НЕШТО МНОГУ ЗАГРИЖУВАЧКО ВО ЈАВНОСТА - СЕ ПОВЕЌЕ НЕУТРАЛКИ КОИ НЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА МЕЃУ ТОА ШТО ГО ПРАВИ ВМРО ВО СПОРЕДБА СО ТОА ШТО ГО ПРАВИ СДСМ

Објавено на 04.06.2020 во 10:14:41 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еден од најголемите проблеми во Груевизмот беа НЕУТРАЛЦИТЕ, оние кои не правеа разлика меѓу зулумите на Груевата банда и нагнетената погазена опозиција која трпеше вистински терор.
 
Таа позиција на неутралците беше многу безбедна, не бараше ангажман, безбедно беше, режимот не ги казнуваше толку жестоко неутралците како што беше безмилосен спрема симпатизерите и членовите на СДСМ, тие беа на суров отстрел до истребување.
 
Не велам дека не беа проблем и платените и заслепени следбеници на режимот, но, тие секогаш ќе ги има, секоја држава си има такви 30% гадови и олош, тука нема спас.
 
Неутралците ги снема кога стана најкритично откако почнаа да пукаат бомбите тогаш немаа изговор да кажат ПА СИТЕ СЕ ИСТИ, ИЛИ ЈА НЕ ЗНАМ КОЈ ШТО ПРАВЕЛ, со бомбите сето тоа излезе на површина, па неутралците срамежливо, неволно мораа да изберат страна и едни застанаа во шарена револуција другите ги фрлија маските и попут Бетмен Велит, Ванковска, Сиљановска, Трендо и слични си застанаа до ВМРО. И се случи тоа што се случи, за влакно, режимот падна и некако се спасивме од тоа зло.
 
Еве сега пак, 3 години по падот на Груевизмот, пак имаме појава на Неутралци, овој пат од други причини. Сега режим нема, отстрел нема, секој што мисли дека владата е зло може да биде опозиционер, секој што мисли дека власта работи добро може да биде со власта, демократија е. Епа зошто многу интелектуалци, јавни личности, новинари не застануваат со власта ако знаеме дека оваа власт е сепак во рамките на она што се очекуваше од неа, демократска, вредна, домаќинска, про западна, способна, ангажирана, без големи скандали?
 
Епа затоа што ДА СЕ БИДЕ СО ВЛАСТА е СРАМОТА во земјава. Срамота е да се биде подржувач на власта, тоа те става во рамките на она што беа едно време Пандов, Миленко, Латас, Ивона, Златев, Сотир Костов, Јанко Бурек итн итн, едноставно ПРИВРЗАНИК НА ВЛАСТА е нешто што е максимално избербатено и исплукано на овие простори, па сега многу јавни фаци ЗОРЛЕ ОРЛЕ се прават слепи демек не гледаат кои се разликите меѓу СДСМ и ДПМНЕ и по некаква инерција, најмал отпор, најбезбедно е да се каже АБЕ СИТЕ СЕ ИСТИ, тоа е пак многу ИН, многу е ценето во земјава да си неутралец, ДЕМЕК СИ НЕЗАВИСЕН, ДЕМЕК САМ СЕ БОРИШ ЗА СЕБЕ, ДЕМЕК ГИ ИМАШ ДЕШИФРИРАНО СИТЕ ПРОПАГАНДИ, ДЕМЕК СИ НАЈПАМЕТЕН ОД СИТЕ!
 

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Да си неутралец на политички план е исто како да веруваш во ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ЗА ВАКЦИНИТЕ И КОРОНА ВИРУСОТ, затоа што тие што веруваат во тие будалаштини тоа го прават со цел себе си да се издигнат дека се над злото, дека се паметни и не се дел од МАСИТЕ, СТАДОТО ОВЦИ, они се сепак свои на своето, никој не може да ги лаже нив!

Така и неутралците, они се гадат од следбениците на СДСМ и ВМРО, ги сметаат за овци, они се над сето тоа, они се ЕЛИТА!
 
Но реалноста е дека баш поради таа посрана елита, ни требаа 12 години да го срушиме режимот, гледаа што прават Груевци ама ќутеа како пички, удобно им беше и сега така им е удобно кога гледаат како тој ист режим се обидува и се спрема да се врати на власт!
 
п.с Она што е најсмешно е што кога ќе се врати режимот и они неутралвите ќе го јадат стапот индиректно, државата ќе уназадува на секое поле, ќе има сиромаштија ќе има глупости како СКопје 2014-та ќе има скандали страшни, ќе има конфликти и ќе бидеме пак на граница на граѓанска војна, и овие УСРАНИ ЕЛИТИСТИ пак ќе пискаат и пиштат ДЕКА ПАРТИИТЕ ЈА ЕБАА ДРЖАВАТА, дури ни тогаш нема да признаат дека згрешиле што не се потрудиле режимот да не се врати, они се значи НЕПОПРАВЛИВИ СЕРКОВЦИ!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија