Таман мислевме дека скандалите попут Диме Спасов, Мартин Нешковски, 27-ми април се зад нас, Мицковски се погрижи да не потсети што не чека ако не дај боже ВМРО се врати на власт!

Објавено на 04.06.2020 во 09:39:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Има нешто кај Мицковски што не е во ред. Има една доза на забеганост, на ароганција, на тежмнеење да се биде над сите, влезен е во филмот на голем лидер кој е над законите, сака да биде божество кое хода!

Таа забеганост беше карактеристика за високите функционери на ВМРО ДПМНЕ после 10 години власт, дечките беа неверојатно инвентивни во манипулацијата, изигрувањето на законите и бегањето од одговорноста.

Се сеќавате ли на смешните тези на Диме Спасов дека го бркале Албанци од Серава и затоа им бегал на Алфите откако пијан удри неколку коли во центарот на Скопје?!

Се сеќавате ли како се обидуваа два дена да го скријат убиството на Мартин Нешковски?!

Се сеќавате ли како крадеа и бришеа хард дискови од системот за видео надзор во собрание на 27-ми април за да се спасат тепачите и убијците од затвор?!

Мислевме дека сето тоа е зад нас, дека тоа се едни црни времиња на едни бараби кои не заслужуваат да менаџираат со државните институции затоа што веднаш ги злоупотребуваат за своите хедонистички хирови, богатење, моќ...

Но ете го Мицко и Наќе да не потсетат дека во белата палата не се откажале од тие прљави методи, од тие пориви, од тие амбиции за надмоќ, манипулација, злоупотреба на моќта...

Мицко уште од упорното вежбање во теретана покажа дека има тенденција за непочитување на законите, но скандалите што уследија треба многу да не загрижат.

Апсењето на децата хуманитарци во Струмица и нивно држење цела ноќ во станица само затоа што пакувале хуманитарна помош за Заеви беше многу скандалозно и загрижувачки, но ова синоќа во Дебар Маало е врвот!

Еј, да отидеш у кафана со другари а знаеш дека само 2-ца смеат да седат у кфана и тоа на тераса а ти во тројка си седнеш во затворен дел за да се гоштеваш, па потоа цели 2 саата арогантно им забраниш влез на инспектори во кафаната злоупотребувајќи ја полицијата која ја претвораш во партиска лична војска, па морало ЕБР специјалците да интервенираат, тоа е навистина дно дна!!!

Па откако го фатија и немаше кај да бега, арогантно и расипано наместо да понуди оставка за оваа невидена глупост, тој нуди признание и релативизирање на грешката и нуди да плати казна, иако делото што го има направено е кривично дело!!!

Кривично дело е направено и од страна на газдите на кафаната кои направиле серија на глупости од против правно работење до блокирање на инспекција па можен е и обид на бришење на видео камерите?!?!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сето ова делува многу невкусно, премногу ГРУЕВИСТИЧКИ!

Од новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ очекувавме безмалку МОНАШКО ОДНЕСУВАЊЕ, тој требаше овие 3 години не само да бега од скандлали туку на јајца да гази цело време и кај да оди да биде со наведната глава и нон стоп да се извинува на сите жртви на режимот, да моли за прошка и лична и во името на ВМРО и можеби ако постапеше така сега на изборите ќе имаше барем некаква шанса за некаков успех или барем чесен достоинствен благ пораз.

Но сега она што го очекува е една брутална безмилосна казна од народот во вид на епски пораз од кој ВМРО ДПМНЕ долго има да се плаши, толкав ќе биде поразот што одма ќе обвинат за изборна кражба, просто нема да им се верува што ќе ги снајде на гласачките места.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија