Германија со национализација ќе ја спасува Луфтханза од банкрот

Објавено на 31.05.2020 во 17:20:52 часот | Свет

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Deutschland - Frankfurt - 28.03.2020 / Frankfurter Flughafen - die Nordwest-Landebahn wird zum Lufthansa Parkplatz Wirts (Imago Images/M. Lorenz)

 Откако беше принудена да бара помош од државата поради кризата во која западна за време на пандемијата на коронавирусот, Луфтханза и германската влада договорија пакет за спас на компанијата. Луфтханза од владата во Берлин ќе добие 3 милијарди евра заем и 5,7 милијарди евра „тивок“ капитал, а државата ќе купи и 20 отсто од компанијата за 300 милиони евра.

Доколку Луфтханза се соочи со обид за насилно преземање од друг субјект, државата има опција да го зголеми својот влог на 25 отсто плус една акција, со што ќе има можност да блокира такво сценарио. 

Сепак, во договорот може да се препознае и стравот на конзервативната влада предводена од канцеларката Ангела Меркел за долготрајно и големо влијание на државата врз работата на авиокомпанијата. Затоа, Луфтханза ќе се обврзе да го врати заемот од 5,7 милијарди евра, со камата, а во замена државата ќе го продаде својот удел во компанијата до 31 декември 2023 година.

* реклама -------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Одобрувањето на договорот од извршниот и надзорниот одбор на Луфтханза се очекува да биде формалност, но остануваат уште две пречки. Согласност мора да дадат и акционерите на Луфтханза, како и антимонополското тело на Европската комисија. 

На почетокот на мај Луфтханза се уште поседуваше ликвидност од околу 4 милијарди евра, но директорот Карстен Шпор изјави дека компанијата губи по околу еден милион евра на час затоа што целата флота е приземјена.

Проценките се дека на светско ниво, авио-индустријата годинава ќе загуби околу 314 милијарди долари поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија