РАДМИЛА Е НАШАТА ТАЧЕР И МЕРКЕЛ ЗАЕДНО, А УЧК ЗА АЛБАНЦИТЕ Е ТОА ШТО ЗА НАС СЕ ИЛИНДЕНЦИТЕ И ПАРТИЗАНИТЕ, ЌЕ МОРА ДА ГО ПРИФАТИМЕ ТОЈ СИМБОЛ АКО САКАМЕ ДРЖАВАТА ДА НИ ТРАЕ

Објавено на 31.05.2020 во 01:28:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Гледам дека поединци наседнаа на вмровската албанофобија маскирана зад курвинската изека на нашите маскирани албанофоби АБЕ ИМА И МЕЃУ АЛБАНЦИТЕ НОРМАЛНИ, АЛИ ЈА СУМ ПРОТИВ УЧК ПОШТО ОНИ СЕ ТЕРОРИСТИ И ЕМ ТРГУВАА СО ЧОВЕЧКИ ОРГАНИ И ДРОГА...

За таа сликата со симболи на УЧК се крена огромна паника на социјалните мрежи на дел од порталите со реклама на унгарско маслиново масло...

Па некои почнаа да се губат за тоа кој и што во земјава е Радмила Шекеринска а и за самиот симбол на УЧК како да се нема баш јасна престава што е тоа...

Прво за Радмила. Значи можеби таа свесно изгуби политички поени што се тргна на помалку актуелното министерство во земјава кое обично досега се даваше на политичари пред пензија, но сепак нејзиното значење за СДСМ и за земјава е колосално.

Таа е нашата Маргарет Тачер, Ангела Меркел, заедно! Таа на Зоки Заев му дава стабилност, градски шмек, интелектуална начитана тежина, додека Зоки е шармерот, харизмата, булдожерот народниот лидер кој со насмевки и оптимизам шармира и освојува срца на народот.

Но Радмила потоа сето тоа го става во некаква рамка го рафинира го ваја за да му даде еден фин луксузен политички облик за да тежи на пазарот, да не биде така сирово и гломазно.

Радмила е сето тоа што на Зоки му фали, урбан арогантен илнелект и дубина, додека пак на Радмила Зоки е се што нејзе и фали, народност, спонтаност, брзопотезност, решителност, храброст, шарм, харизма...

Радмила и Зоки се убиствен политички тандем кој долго ќе остава траг зад себе!

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Е сега за УЧК. Тоа што за нас се партизаните и илинденците, тоа за Албанците е УЧК, и тоа треба да го разбереме без многу драма.

Е сега, убивале војници, епа што правеле нашите Илинденци? Убивале Турци, а еве ги они сега живеат во земјава и прифаќаат дека наши херои се Илинденците кои најверојатно кољале нивни дедовци па имаат разбирање за тоа наше минато и таа наша врзаност со митот на тие Илинденци.

Замислете да имаше во земјава Германско малцинство, како што има на пример во многу соседни земји на Германија и тие стоечки со разбирање гледаат на прославата на денот кога пукнала првата пушка во сите тие европски земји во втората светска војна и кога таа пушка отепала некој Германец.

Уствари, ние сме се бореле тогаш против бугарските фашисти, но и самите бугари се бореле против бугарските фашисти па затоа Бугарија не сака да биде окарактеризирана како фашистичка земја... Но тоа е друга тема....

Едноставно, ако сакаме државата да ни трае, ќе треба да ги прифатиме историите и историските херои на нашите малцинства и малце ќе стиснеме забите, сепак тоа е минато и е зад нас и треба да гледаме напред.

Нема лутење. Едноставно се случило во минатото да сме биле противници и тоа изродило херои на двете страни, кај нив тоа е УЧК, кај нас тоа се нашите бранители, АРМ, Тигрите пред кои ние положуваме цвеќиња и ги славиме и тоа и Албанците верувам го ценат и имаат разбирање и не се лутат.

Замислете како му било на Талат Џафери да се слика со сите тие ознаки на АРМ кога беше министер за одбрана ако се знае дека таа АРМ има отепано над 100 а можеби и 200 АЛбанци во конфликтот а има срамнето со земја едно најмалку 10 албански села во земјава?!

Значи отворете ги малце тоа видиците и срцата, влезете во кожата на другиот, погледнете се себе си со очите на другиот, погледнете го светот со очите на другите, не бите плитки празни лејки!

 ДО КОГА ЌЕ СЕ РАСПРАВАМ СО ВАС?!

* реклама ------------------------------------------------------------------

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

п.с За тоа дека УЧК била терористичка, па како поинаку да кренете востание? Да дадете оглас у весник дека формирата паравојска и да аплицирате во МВР да ви дадат лиценца за паравојска со тешки митралези и хаубици од 120 милиметра? Дај не се зафркавајте со тој правен речник, нашите илинденци и партизани што биле? Исто терористи и паравојска затоа што убивале, кревале со динамит све живо, крв течела но на непријателот па така тие луѓе што сме ги убивале тогаш сме ги сметале за некакви чудовишта кои немаат фамилии немаат родители немаат жени и деца кои ќе плачат на нивниот гроб... Исто и за УЧК и Албанците нашите убиени војници се само некакви бројки неважни затоа што се непријателски жртви, така и за нас тие 100-200 убиени од УЧК и цивили албански чии гробишта се покрај патот за Охрид во Кичевско покрај кои поминуваме секое лето по 10 пати, се само бројки некакви затоа што во 2001-ва беа наши непријатели и колатерална штета. Исто е, нема што да се лутиме... Не може нашите жртви да се поважин од нивните жртви, па така и нашата АРМ и МВР не може да се ПОГОЛЕМИ И ПОДОБРИ од нивната УЧК, двете војски убивале, се гинело за идеали, храброст имало на двете страни, сега има мир, тоа е минато, да гледаме во иднината, да ги цениме светите митови на двете страни и да одиме само напред, сложно.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија