НАРОДОТ НЕ ЗНАЕ СО КАКОВ УЖАС СЕ СООЧУВААТ БОЛНИТЕ ОД КОРОНА ВИРУС, БИТКАТА СО СМРТТА Е СТРАШНА, СЕ ГУБАТ И ДО 40% ОД ТЕЖИНАТА, АКО ПРЕЖИВЕАТ, 12 МЕСЕЦИ ПОТОА ИМ ТРЕБА ДА СЕ ПОВРАТАТ ВО НОРМАЛА

Објавено на 26.05.2020 во 12:35:19 часот | Македонија

 

ЧИТАЈ...мислам, ако не те мрзи...
:-(

- Никој не ја гледа реалноста на она што се слчува
- Никој не погледна во болниците да ја видат „воената состојба„ што се случуваше таму
- Никој не ја виде паниката на оние кои требаше да работат со болните е теророт во нивните очи
- Никој не ги виде амбулантите каде што болните пристигаа еден по друг.
- Никој не виде дека пациентите кога идеа во Брза помош, после неколку часа умираа.
- Никој не ги виде просториите полни со црни вреќи во кои се наоѓаа мртвите.
- Никој не виде како мртвите влегуваа еден по друг во капелите.
- Никој не го виде страдањето на фамилиите кога закопуваа обична „кутија„ без притоа да знаат што закопуваат.
- Никој не виде како изгледа болничар додека држи за рака болен кој го делат минути од смртта за да не се чувствува сам додека умира.
-Никој не виде како не напушташе една од најдобрите и најборебени генерации, препуштени на нивната среќа и несреќа без да бидат со своите најблиски во своите последни моменти.
- Никој не виде ништо освен оние кои беа во болниците, амбулантите и гробиштата.

Се зборува за реанимација и вентилација но никој не знае зашто точно се работи. Не се работи за обична маска за кислород која што ја уживаш во болничкиот кревет и мислиш на сите моменти поминати до сега во животот.
Инвазивната однодно механичка вентилација за Covid-19 (интубација која се врши под целосна анстезија) се состои во тоа да се остане неподвижен од две до три недели во многу голем дел времето во прона позиција (читај со лицето надолу) со црево во устата кое оди до дишникот и му дозволува на пациентот да дише на ритамот на машината на која е поврзан. Не може ниту да зборува ниту да јаде или да прави било што на природен начин. Поради болките што ги чувствува болниот, треба постојано да биде под седативи за да може да го издржи цревото во дишникот. За целото тоа време додека пациентот е на машината за дишење се наоѓа во вештачка кома.
Под ваков третман кај млад пациент, мускулната маса што се губи е 40% и рехабилитацијата после овој процес може да трае од 6 до 12 месеци. Траумата и последиците по неговите гласни жици на крајот од сето тоа е „гратис„. Ова е првичниот мотив зошто старите лица и лицата со слабо здравје не издржуваат.
Ако стигна до овде со читањето, би било симпатично да си ставеш прстот на главата и размислеш уште еднаш на твоите постапки. Благодарам

*постот е преведен од италијански на македонски*

(Преземенo, t.e. tekstot e kopiran од Ilievski Ilija...koj istoto go napisa vo forma na komentar)

 

 

loading...

 

Македонија

Свет