Разговор на лидерот на СДСМ, Заев со лидерот на Самоопределување, Курти: Двете земји добро се справија со коронавирусот, неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите

Објавено на 25.05.2020 во 22:14:07 часот | Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.

Во разговорот заеднички беше заклучено дека и Република Северна Македонија и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот.

Претседателот Заев нагласи дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

„Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочи Заев, додавајќи дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот Заев истакна дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет