ЗАЕВ ЗАПУКА ПО ВМРОВЦИТЕ: За жал, ниту една ваква закана по здравјето и животот на граѓаните, против што се бореше и сè уште се бори целиот свет, не ги разбуди ВМРО-ДПМНЕ да се променат, да се соочат со реалноста и да почнат да се однесуваат одговорно. Нашите граѓани не го заслужуваат тоа

Објавено на 25.05.2020 во 19:26:50 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во интервју за МКД.МК, лидерот на СДСМ жестоко распали по ВМРОВЦИТЕ:

Не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред сè“. Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат.

За време на кризата, СДСМ делуваше целосно во интерес на граѓаните и државата, главен збор имаа стручните лица, здравствените работници, лекарите, институциите. Затоа и успеавме кризата да ја ставиме под контрола. Тоа е одговорност.

Од друга страна, видовме крајна неодговорност од ВМРО-ДПМНЕ, ширење лажни вести, неосновани напади врз министерот Филипче, лаги дека нема доволно тестови, лаги дека 140.000 работници останале без работа. Во исто време кога гледавме слики од теретани и прошетки по Водно на социјалните мрежи.

За жал, ниту една ваква закана по здравјето и животот на граѓаните, против што се бореше и сè уште се бори целиот свет, не ги разбуди ВМРО-ДПМНЕ да се променат, да се соочат со реалноста и да почнат да се однесуваат одговорно. Нашите граѓани не го заслужуваат тоа. 

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еве и денеска го гледаме истото однесување. Мислејќи само на својот партиски интерес, предлагаат избори во септември, токму кога Светската здравствена организација вели дека треба да се спремаме за новиот бран на вирусот. Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември всушност се предлог да нема воопшто избори. Не постои ниту здравствен, ниту политички авторитет што може да тврди и да гарантира дека тогаш ќе нема ниту еден заболен случај. Наша одговорност е да им се спротивставиме на обидите да се предизвика политичка криза. 

Како и досега, СДСМ и натаму ќе води позитивна кампања заснована на вредносни концепти што носат придобивки за граѓаните. Преку презентација на досега сработеното, но и преку понудата за следните четири години ќе се претставиме пред граѓаните, од кои повторно ја очекуваме довербата. Од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, освен негативна кампања, граѓаните ништо друго и не видоа. Токму поради тоа, до сега, а особено за време на оваа криза, граѓаните си потврдија дека Мицкоски е неодговорен и незрел политичар.

Нема подобро потсетување на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од однесувањето на Мицкоски во оваа криза и на неколкуте опозициски функционери во техничката влада. Не случајно граѓаните велат - гледаме што прават со тројца министри, а камоли да добијат цела влада, не, фала.

Целото интервју претседатело на СДСМ, Зоран Заев за МКД.мк прочитајте го на следниот ЛИНК.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет