МИЛЕНКО РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ: ГРЕШИШ ШТО СОРАБОТУВАШ СО АЦО ВЕРУШ, ЌЕ ТЕ УДРИ КАКО БУМЕРАНГ!

Објавено на 25.05.2020 во 18:26:54 часот | Македонија

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Новиот милениум донесе и нови ликови, што користејки ги позициите во полицијата, односно пред се во ДБК и УБК, се наметнаа како играчи без кои не се може.  Горан Митевски, Миле Зечевиќ, Александар Цветков, Бранко Бојчевски, Драган Стојмановски Млекце, Бранко Радосављевиќ  беа новите УБК/ДБК кадри. Секако, најмаркантни фигури во последната деценија беа Сашо Мијалков и Зоран Верушевски.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Бучковски, Костов, Груевски, Заев беа комплетно водени и раководени од овие луѓе. Ѓорѓе Иванов си имаше свој кадар – Синиша Алексовски.

Сите овие за себе си мислеле дека се грижливи родители, добри сопрузи и големи патриоти!!!

Но, ниту еден од нив, со ниту еден потез не го докажал ова последното – патриотизмот (за родители и сопрузи нека си ценат нивните семејества).

Македонија и македонските политичари, македонските премиери и председатели, три децении се под исклучиво негативно влијание од тајната аѓентура. Ниту еден не се најде да не прифати “услуги“ од овие снимачи, местачи, кодоши… Не се појави, барем не досега, доволно силен интелектуален лик, неископромитиран и некорумпиран, кои овие и вакви џандарски гниди ќе ги стави таму каде што им е место. Зад решетки, заради продавање на Македонските национални интереси.

 

М. Неделковски

24 Мај 2020 – Македонија

 

 

loading...

 

Македонија

Свет