Турција со четиридневен карантин за Рамазан бајрам

Објавено на 22.05.2020 во 10:57:23 часот | Свет

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ердоган најави дека од 29 мај ќе бидат отворени и џамиите, но со задолжително одржување на физичкото растојание

Претседателот на Турција најави четиридневен полициски час на ниво на целата држава за време на муслиманскиот празник Рамазан бајрам што ќе почне од сабота, на 23 мај и ќе трае до 26 мај.

Претходниот викенд полициски час имаше само во 31 провинција, а не во целата држава, план што беше избран како најсоодветен за спречување на негативните ефекти врз економијата.

Со рестрикциите во Турција најмногу се погодени лицата над 65-годишна возраст, на кои им е забрането воопшто да ги напуштаат своите домови. Претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера најави дека во рамки на олабавување на мерките, на овие лица оваа недела ќе им биде дозволено да излегуваат неколку часа неделно, додека младите пак, ќе можат да се движат надвор во одредени денови и во одредено време.

Од останатите мерки, за уште 15 дена е продолжена забраната за патување во и од 15 најголеми градови, вклучувајќи го и Истанбул.

*реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

За уште два месеци е продолжена привремената слобода на околу 60 000 затвореници кои беа ослободени од затворите во април, како мерка против ширење на ковид-19.

Ердоган исто така најави дека од 29 мај ќе бидат отворени и џамиите, но со задолжително одржување на физичкото растојание.

Министерството за здравство на Турција вчера објави 31 нови смртни случаи во изминатите 24 часа, што е најмала бројка од крајот на март, со што бројот на починатите достигна 4 199. Вкупниот број на заразени во Турција е 151 615 луѓе.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија