Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти за коронавирусот

Објавено на 11.05.2020 во 22:57:13 часот | Свет

* реклама ----------------------------------------------------------------------------------------------------

  

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Нов извештај тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично барал од генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом да го „одложи глобалното предупредување“ за заканата на Ковид-19 за време на разговор во јануари.

Германски Шпигел ги објави обвинувањата овој викенд повикувајќи се на разузнавачки податоци на сојузните разузнавачки служби на земјата, познати како „Bundesnachrichtendienst“ (БНД).

– Кинескиот лидер Си Џинпинг на 21 јануари бараше од шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус да ги задржи информациите за преносот од човек на човек и да го одложи предупредувањето за пандемијата, наведува БНД.

БНД проценува дека кинеската информациона политика довела до тоа светот да изгуби четири до шест недели во борба против коронавирусот.

СЗО набргу објави изјава по објавувањето на шокантните тврдења, нарекувајќи ги „неосновани и невистинити“.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија